Контакт

Свет

Грета Тунберг побара „Фејсбук“ да ги цензурира оние што ја критикуваат

Објавено пред

Прославената шведска климатска активистка, Грета Тунберг, се закани дека ќе го напушти „Фејсбук“ ако платформата одбие да ги замолчи нејзините критичари, пренесува „Брејтбарт“.

„Јас, како и многу други, се прашувам дали треба да продолжам да го користам ‘Фејсбук’ или не. Дозволувањето говор на омраза, непроверка на фактите и, се разбира, прашањата за мешање во демократијата се меѓу многу, многу други работи што се вознемирувачки“, напиша Тунберг во објавата на „Фејсбук“.

„Постојаните лаги и теории на заговор за мене и за безброј други, секако, резултираат со омраза, смртни закани и на крајот со насилство. Ова лесно може да се запре ако ‘Фејсбук’ сака. Сметам дека непреземањето одговорност е многу вознемирувачко“, додаде таа.

Основачката на Youth Climate Strike досега уживаше слава без преседан поради својот климатски активизам освојувајќи ги левичарските „тешкаши“ како што се Барак Обама, Хилари Клинтон и Илон Маск.

Маск минатиот месец рече дека Тунберг има подобро расудување и повеќе срце од огромното мнозинство политички лидери, Хилари Клинтон ја нарече жестока жена, а поранешниот претседател Обама ја пофали 16-годишната девојка како една од најголемите застапници за нашата планета.

Сепак, Тунберг се нервира поради критиките и сугерира дека оние што се против нејзината крстоносна војна се мешаат во демократијата и треба да бидат цензурирани од „Фејсбук“. Таа ги повика своите обожаватели да го предизвикаат „Фејсбук“ да ги замолчи нивните антагонисти инсистирајќи на тоа „ако доволно од нас бараат промена – тогаш ќе дојдат промените“.

Проблемите на Тунберг со социјалните мрежи не завршуваат со „Фејсбук“. Таа исто така се пожали дека „Твитер“ не сторил доволно за да ја заштити.

„Забележав дека неколку луѓе се обидоа да се претстават како мене или лажно да тврдат дека ме претставуваат за да комуницираат со политичките лидери, познати актери, пејачи и музичари“, напиша таа во твитот.

„Секому со кого е стапено во контакт и кој можеби дури и бил доведен во заблуда од ваквото однесување, му се извинувам. Се надевам дека оние што сакаат искрено да ми пристапат, ќе го сторат тоа по препознатливите канали“, додаде таа.

Свет

(Видео) Пожар во објект на „Хуавеј“, огнот избувнал во близина на центарот за развој на 5Г-мрежата

Објавено пред

Голем пожар избувна во објект на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во градот Донггуан, во близина на лабораторијата за истражување и развој на 5Г и 4Г-антените.

Огнот е изгаснат и нема повредени лица.

Како што јавија властите, пожарот ја зафатил челичната конструкција во изградба, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое се гледа голем облак од темносив чад, кој се издига над лабораторијата.
Причината за пожарот не е позната, но според локалните пожарникари, најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот бргу се проширил.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме во Црна Гора

Објавено пред

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ги погоди денеска Котор и Тиват, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Некои од патиштата и крајбрежните објекти во Тиват се под вода.

Работниците на комуналната служба, „Водовод и канализација“, и припадниците на Службата за заштита и спасување се на терен.

Слично е и во Котор, каде што возилата се движат низ поплавените улици.

Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека од денес до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, пишува „Вјести“.

Издадено предупредување за Хрватска

Во Хрватска е издадено предупредување за невреме проследено со обилен дожд и град. Се додава и можност за торнадо и силни налети на ветер.

Најмногу врнежи се очекуваат во вечерните часови.

Severe Weather Europe објави прогноза со која најавува големи врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот.

Прикажи повеќе...

Европа

Градоначалникот на Лондон бара да се забрани одењето на гости

Објавено пред

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од британскиот премиер, Борис Џонсон, да забрани мешање луѓе од разни домаќинства.

Тој повика на тоа како дел од рестриктивните мерки за главниот град на Британија за да се запре ширењето на Ковид-19.

„Една од работите што му ги кажав на премиерот е дека мислам оти треба да следиме што се случува во земјата и да престанеме со социјалното мешање на домаќинствата“, рече Кан во интервју за британски „Гардијан“.

„Го велам тоа со тешко срце“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Топ3 часа

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Регион4 часа

Загинаа двајцата пилоти од воениот авион што се урна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“ за време на воена вежба. Надлежните...

Македонија4 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија5 часа

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е...

Македонија5 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа6 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија8 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија8 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет8 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија9 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија9 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион10 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет10 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет11 час

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет11 час

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија11 час

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион11 час

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет1 ден

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ1 ден

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Досие