Свет
„Гугл“ времено ги затворa своите канцеларии во Кина поради вирусот
Поради коронавирусот, „Гугл“ времено ги затворa сите свои канцеларии во Кина, како и во Хонгконг и Тајван.
Канцелариите на „Гугл“ во моментов се затворени поради кинеската Нова година, но дополнително ќе биде познато кога ќе бидат отворени.
„Гугл“ има канцеларии во Пекинг, Шенжен, Гуангџу, Шангај и Хонгконг, како и пет канцеларии во Тајван.
Портпарол на „Гугл“ изјави дека објектите се затворени во согласност со владините упатства.
Компанијата ги советуваше вработените кои во моментов се во Кина, како и оние со блиски роднини кои се враќаат од Кина, да се вратат дома што е можно поскоро и да работат од дома најмалку 14 дена од денот на враќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република.
„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс.
Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од сопствениот народ“.
The yearning for liberty is inherent to all of us as human beings.
Iran's new generation demand dignity and freedom. In 2026, it cannot be too much to ask for.
The killing must stop. The innocent and persecuted must be released. The repression must end.
To those brave girls,…
— Roberta Metsola (@EP_President) January 11, 2026
„Убивањето мора да престане“
Мецола го повика раководството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година. „Убивањето мора да престане. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша таа.
Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.
Свет
Иран прогласи тридневна национална жалост во чест на загинатите во протестите
Владата на Иран соопшти дека воведува тридневна национална жалост во знак на почит кон лицата кои загинале во, како што ја нарекува, „битката на националниот отпор“ поврзана со актуелните протести, пренесе агенцијата Тасним.
Според извештајот, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „длабоко потресен“ од загубата на човечки животи и ги повикал граѓаните да се приклучат на Маршот на националниот отпор, кој треба да се одржи утре, повикувајќи се на соопштение емитувано на државната телевизија.
Засега не е познато каде точно ќе се одржи најавениот марш.
Претходно, државните медиуми објавија дека во понеделник се очекува одржување на „национални собири“ низ целата земја, со цел осуда на тековните протести.
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили.
Досега се извршени околу 10.000 апсења.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
Свет
(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили. Досега се извршени околу 10.000 апсења.
И покрај националниот прекин на интернетот, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат снимки кои наводно ја прикажуваат состојбата на терен во Иран.
Едно видео, за кое се тврди дека е снимено во источниот град Машхад, прикажува објект зафатен од пламен, по што може да се видат демонстранти како бараат засолниште зад остатоци и импровизирани барикади на улица.
Потоа се појавуваат силуети за кои се наведува дека се припадници на иранските безбедносни сили, кои пукаат од пешачки мост.
Претходно видео, пак, прикажува демонстрант како испишува графити на билборд над голема толпа луѓе во главниот град Техеран.
THREAD: Verified videos of Iran protests – 10 January
Heavy clashes on Vakil Abad Boulevard in Mashhad. Protesters hide behind barricades as security forces fire shots from a footbridge.
Video: @Vahid
Location: https://t.co/48rK47fgrp
With Richard Irvine Brown@GeoConfirmed https://t.co/LGCLaI1XaI pic.twitter.com/pGQBnH9LKu
— Shayan Sardarizadeh (@Shayan86) January 11, 2026
Претходно, Си-Ен-Ен повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Трамп разгледува низа можни воени опции за Иран.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, истакнале американските функционери. Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледувал можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопштил висок функционер од Белата куќа за Си-Ен-Ен.

