Свет
Гутереш: Вакциналниот национализам е голема грешка
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека вакциналниот национализам е голема грешка и дека производството на вакцини против коронавирусот треба да се зголеми двојно.
„Некои нации го вакцинираат своето население многу бргу, но сепак имаме земји, особено оние во развој, каде што повеќето не добиле ниту една доза. Значи, генерално, имаме драматична разлика помеѓу земјите кога станува збор за вакцинацијата“, рече Гутереш за руските медиуми.
„Значи, вакциналниот национализам е голема грешка. Јасно ми е дека светското производство на вакцини мора да се удвои за да се исполнат сите потреби и затоа мора да соработуваме, особено оние земји што имаат капацитет за производство на вакцини“, рече првиот човек на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

