Свет
Гутереш: САД и Иран да најдат решение за нуклераниот договор

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ги повика Вашингтон и Техеран да соработуваат со цел исполнување на нуклеарниот договор. 67Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден објави дека е подготвена да ги врати САД на договорот од кој ги повлече Доналд Трамп во 2018 година, но Вашингтон и Техеран очекуваат другата страна да го направи првиот чекор.
„Има многу работа, не очекувам итно решение“, рече шефот на ООН на прес-конференција за можноста тој да посредува за решение за излез од ќорсокакот. „Верувам дека сите оние кои го потпишаа договорот и другите засегнати страни мора да работат заедно за да се намали неизвесноста и да се соочат со тешкотии и пречки“, додаде тој.
Договорот е склучен во 2015 година за да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје меѓу САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија и беше голема дипломатска победа и важен фактор за мир и стабилност на Заливот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број на пациенти со потешка клиничка слика, а капацитетите на болниците се целосно исполнети, пишува српски „Блиц“.
Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците во областа Пчиња се полни. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болести се јавуваат на сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број на заразени деца од предучилишна и училишна возраст”, изјави за „Блиц“ д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог во Здравствениот дом во Врање.
Тој вели дека влошената епидемиолошка состојба е резултат на непочитување на мерките, но и поради големиот број на Македонци кои доаѓале на шопинг во Врање.
Свет
Болсонаро им порача на граѓаните: Престанете да лелекате

Откако во Бразил беше регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус два последователни дена, претседателот Жаир Болсонарао им порача на граѓаните денес да престанат со лелекање и да продолжат понатаму.
Бразил е на второто место во светот по бројот на жртви на коронавирус, веднаш по САД, наведува „Ројтерс“.
Земјата во моментов се соочува со најлошата фаза на пандемија, а пренатрупаните болници го водат здравствениот систем во колапс, пишува британската агенција.
„Доста беше паника и лелекање, уште колку време можеме да плачеме? Колку долго ќе останете дома додека сè е затворено? Никој повеќе не може да издржи. Жалиме за секој починат, но ни треба решение“, рече Болсонаро пред насобраните на еден настан.
Според објавените податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се регистрирани 75.102 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на нови случаи за еден ден од јули минатата година.
Свет
Заврши процената на вакцината „епивак корона“ и втората фаза на „спутник лајт“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко потврди дека стручната процена на употребата на вакцината „епивак корона“ кај постари лица, изработена од Државниот научен центар „Вектор“, како и втората фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник лајт“, е завршена, пренесува ТАСС.
„Втората фаза од клиничките испитувања за ‘спутник лајт’ е завршена и тие сега се испраќаат на стручна процена. Завршена е и процената на вакцината ‘епиВак корона’ произведена од центарот ‘Вектор’за лица над 60 години“, потврди министерот на конференцијата за печат.
ТАСС јавува дека на 16 ноември, руското Министерство за здравство издало дозвола за клинички испитувања на вакцината „епиВак корона“ на 150 волонтери над 60 години, а дозвола за испитувања на 3.000 волонтери над 18 години е издадена на 18 ноември.
Министерството за здравство, исто така, издаде дозвола во јануари да спроведе клинички испитувања на вакцината против коронавирус „спутник лајт“, која е прва компонента на вакцината „спутник В“ и која, според директорот на центарот „Гамалеј“, Александар Гинзбург, обезбедува заштита за четири или пет месеци и ја намалува можноста лицето да добие потежок облик на Ковид-19, наведува агенцијата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер