Свет
Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот.
„Водени од профитот, тие го вратија екстремизмот од маргините во мејнстримот. Со користење на алгоритми кои ја засилуваат омразата за да ги задржат корисниците залепени на нивните екрани, платформите на социјалните медиуми стануваат соучесници во ширењето на насилството, како и огласувачите кои го субвенционираат овој бизнис модел“, рече Гутереш за време на говорот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Гутереш долго време изразува загриженост за моќта на социјалните медиуми и повика на подобра регулатива за да се разјасни одговорноста и да се подобри транспарентноста,пренесе Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Го поздравувам Охридскиот договор, ќе продолжиме да учествуваме во процесот на дијалог

Макрон најави дека Франција и Германија ќе продолжат активно да учествуваат во процесот на дијалог.
Емануел Макрон рече дека е клучно двете страни да покажат одговорност и да го спроведат договореното.
„Го поздравувам договорот постигнат на 18 март со посредство на високиот претставник Борел. Сега е клучно двете страни да покажат одговорност со тоа што веднаш ќе го спроведат договорот во целост и со добра волја“, рече Макрон на дневниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел.
Францускиот претседател оцени дека Париз и Берлин многу тесно соработувале во врска со договорот и најави дека „ќе продолжат да бидат активни на овој план“.
На крајот од првиот ден од самитот во Брисел, лидерите на ЕУ усвоија заклучоци во кои го поздравуваат договорот меѓу Белград и Приштина за Анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите „како составен дел од нивниот пат кон ЕУ“,пренесе б.92
Свет
Човек кој се врати од мртвите откри што видел: Не одев кон ниту една светлина

Срцето на 55-годишниот Кевин Хил одеднаш престана да чука додека се лекуваше од ретката болест калцифилакса.
Откако лекарите го вратија во живот, Хил рече дека не видел светлина кон која може да оди, и дека неговата привремена „смрт“ и враќањето кај живите биле мирни.
Хил, кој лекарите во британската болница во градот Дерби го нарекоа човек чудо, исто така рече дека влегол во „духовен свет“ и го гледал неговото тело како се распаѓа.
„Бев одвоен од моето тело, како да сум во духовен свет. Бев свесен што се случува, но беше толку мирно“, опиша тој.
Тој исто така рече дека може да ги види лекарите како се обидуваат да го спасат.
“Знаев дека сум мртов. Тогаш само заспав и кога се разбудив, бев жив. Знаев дека не е моето време да умрам”, рекол тој, објави Дејли Меил.
„Оваа ситуација ме натера да ги преиспитам своите приоритети. Семејната атмосфера драстично се промени кога излегов од болницата. Станав поотпорен.“, додаде тој.
Хил речиси целосно се опорави.
„Мојата болка порано беше многу голема, а сега е намалена. Сите ми велат дека е чудо што сум жив“, рече тој,пренесе дневник.хр.
Свет
Нордиските земји создаваат обединета воздушна одбрана поради „растечката закана од Русија“

Командантите на воздухопловните сили на Шведска, Норвешка, Финска и Данска денеска објавија дека потпишале писмо со намери за создавање обединета нордиска воздушна одбрана со цел да се спротивстават, на како што наведоа, „растечката закана од Русија“.
Како што е најавено, намерата е да се дејствува врз основа на веќе познатите методи на дејствување во рамките на НАТО.
Движењето за интегрирање на воздухопловните сили е иницирано од почетокот на руската инвазија на Украина, изјави за Ројтерс командантот на данските воздухопловни сили, генерал-мајор Јан Дам.
На потпишувањето во воздухопловната база Рамштајн во Германија минатата недела присуствуваше и шефот на воздушната команда на НАТО, генерал Џејмс Хекер, кој е и одговорен за воздухопловните сили на САД во регионот.
Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО минатата година, а нивните барања се уште треба да бидат ратификувани од Турција и Унгарија,пренесе Телеграф.рс.