Свет
Данска го забрза законот за одземање на државјанството на терористите од ИД

Поради ескалирањето на конфликтот меѓу Турција и Курдите, Данска го забрза законот за одземање на данското државјанство на терористите на Исламската држава, пренесува „Спутник“. Според данската влада, постои голем ризик терористи да избегаат од камповите во подрачјата контролирани од Курдите.
„Актуелната состојба во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија претставува значителен ризик странските борци со данско државјанство набргу да бидат на пат за Данска“, соопшти данската влада.
„Затоа, владата ќе побара од парламентот што е можно побргу да одобри закон што ќе овозможи административно да им се поништи данското државјанство на странски државјани со двојно државјанство. Ова значи дека Данска ќе може да им го одземе државјанството на странските државјани додека тие с2 уште се во странство“, велат од данската влада.
Според премиерот Мет Фредериксен, кој доаѓа од редовите на на социјалдемократите, владата ќе стори сè за да ги спречи терористите да се вратат во Данска.
„Постои ризик логорите за затворениците од ИД, контролирани од курдските сили во граничната област, да се растурат и странските борци со данско државјанство да се обидат да се вратат во Данска. Тоа се луѓе што ѝ свртија грб на Данска и насилно се бореа против нашата демократија и слобода. Тие претставуваат закана за нашата безбедност и се непожелни во Данска “, објасни Фредериксен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ го прошири образовниот проект за сириските деца во Турција

Европската Унија во средата објави дека ќе продолжи да го финансира образовниот проект за сириски деца во Турција, познат под кратенката ПИКТЕС – Промовирање на интеграција на сириските деца во образовниот систем – кој треба да се финансира најмалку уште една година, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Шефот на мисијата на ЕУ во Анкара, амбасадорот Николаос Мајер-Ландрут, ова го соопшти за време на својата посета на јужната турска провинција Адана. Тој го потенцираше големиот успех на проектот и го истакна активниот придонес на Министерството за образование на Турција.
Многу проекти, објасни Мајер-Ландрут, се спроведуваат во Адана во рамките на програмите на ЕУ.
„ПИКТЕС“ беше лансиран на 7 октомври 2017 година. Тој има за цел да се погрижи сириските деца што живеат во Турција, според одредбите за привремена заштита на земјата, да имаат пристап до образование. Проектот, исто така, ја поддржува нивната интеграција во општеството.
Свет
СЗО ќе ја процени вакцинaта на „Синофрам“ на 26 април, а на „Синовак“ на 3 мај

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја проценат вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител „Синофарм“ на 26 април за можно одобрување за итна употреба, а потоа на 3 мај треба да следи процена на втората кинеска вакцина произведена од „Синовак“, објави денес СЗО.
Одлука за одобрување ја очекуваме неколку дена по процената, потврди СЗО за „Ројтерс“.
Досега, вакцините произведени од „Фајзер“, „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“ добија сертификат за безбедност од ЗСО, што е корисно за регулаторните тела на државите при издавањето дозволи за употреба.
Свет
Лукашенко пристигна во Москва, наскоро ќе се сретне со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна денескa во работна посета на Москва, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.
Претседателот на Белорусија беше пречекан од заменик-шефот на руската дипломатија Андреј Руденко и амбасадорот на Белорусија Владимир Семашко, јави агенцијата ТАСС.
Лукашенко и Путин се очекува да разговараат за тековните билатерални односи, со фокус на трговската и економската соработка.
Тие, исто така, треба да разговараат за прашања поврзани со соработката во борбата против пандемијата на коронавирусот. Лукашенко и Путин ќе разговараат и за заедничкиот одговор на актуелните закани и ќе разменат мислења за меѓународните теми и ситуацијата во регионот, пренесува TАСС.
Претходната средба на двајцата лидери се одржа на 22 февруари во Сочи.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?