Свет
Две деца загинаа во пожар во куќа во Атика

Две деца загинаа во пожар во куќа во Каматер, Атика.
Според „Катимерини“, две момчиња Роми, на возраст од 12 и 13 години, биле извлечени од запалената куќа од пожарникарите.
Нивниот двегодишен брат се здобил со тешки изгореници.
Причините за пожарот се истражуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува истрагата на „Ројтерс“.
Италија ги искористила парите за да му помогне на мал производител да отвори продавници за чоколадо и сладолед во Азија, САД го поддржале проширувањето на луксузен хотел на брегот на Хаити, Белгија финансирала љубовен филм во амазонската прашума, а Јапонија инвестирала пари во нова термоелектрана во Бангладеш и проширување на аеродромот во Египет.
Вкупната вредност на овие пет проекти е 2,43 милијарди евра, а споменатите четири земји ги сметаат за „климатски инвестиции“ кои треба да им помогнат на земјите во развој да ги намалат штетните емисии и да се прилагодат на растот на глобалната температура.
Значењето на овие инвестиции е сомнително, но споменатите земји не прекршиле никакви правила, бидејќи тие не постојат.
Секретаријатот на Обединетите нации за климатски промени за „Ројтерс“ вели дека земјите треба да одлучат дали да воведат заеднички стандарди.
Ова е „Дивиот запад на финансиите“, вели потсекретарот на филипинското Министерство за финансии, Марк Јовен, кој ја претставува својата земја во ОН за време на разговорите за климата.
„Во суштина се што се нарекува климатска инвестиција е климатска инвестиција“ – рече тој.
Многумина бараат појасни правила за тоа што е, а што не е инвестиција во екологијата и борбата против климатските промени, но решението се уште не е на повидок, наведува британската агенција.
Регион
Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе има мир.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, вели дека Косово е дел од Србија и дека тоа е многу јасно.
„Тоа го пишува во Уставот на Република Србија, тоа е потврдено и со Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот? рече Вучиќ.
Тој додава дека Србите кои живеат на север и во другите енклави се чувствуваат нападнати од специјалните единици на косовската полиција.
„Речиси секоја недела. Постојат сигурни извори кои го потврдуваат тоа. Приштина нема право да има специјална полиција на север. Тие приведуваат, запираат, малтретираат нашиот народ. Курти отсекогаш велел: „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме”. Јасно е дека тој не може да го стори тоа. И направи повеќе од тоа. Луѓето почнаа да протестираат против незаконското и нелегитимни избори за градоначалник.. Има општини каде што градоначалникот го избрале 11 луѓе. Не е демократски да има 0,02 отсто. Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но тој не сака да го слушне тоа“ вели Вучиќ.
Тој додаде дека ако Курти ја тргне војската, тогаш ќе има мир.
„Да ги одведе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна, има и такви чии Единствената цел е да се протераат Србите и да се покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака, тоа нема да биде можно.
Ние сме длабоко благодарни на нашите американски партнери што нагласија чија е вината, кој ги сакаше овие инциденти. Но, ни треба повеќе. Притисок од меѓународната заедница за Приштина да дејствува на рационален начин. Ние сме подготвени за дијалог“ вели во интервјуто Вучиќ.
Свет
Путин сигурен во себе: „Нема друг пат“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не се сомнева оти Русија ќе победи во Украина и ќе стане гарант за мирот и безбедноста на сите народи.
„Знам дека победата секогаш ќе биде наша и мислам дека нашата земја на крајот ќе биде гарант за мирот и безбедноста за сите народи, за сите земји во светот, за сите луѓе и за сите земји“, рече Путин.
Шефот на државата истакна дека Русија „ги брани својата земја, народ и вредности за време на специјална воена операција“, па затоа сигурно ќе излезе како победник.