Свет
Две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во ноќен клуб во Индијана

Две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во ноќен клуб во градот Гери, Индијана, соопшти во неделата локалната полиција.
Полицијата соопшти дека на местото на пукањето биле пронајдени две лица без знаци на живот – 34-годишен маж во близина на влезот на ноќниот клуб и 26-годишна жена во клубот, пренесува АП.
Во престрелката се ранети четири лица, од кои едно е во критична состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски со лоши вести: Ако паднат Северодоњецк и Лисичанск, Украина ќе се приближи кон страшен крај

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека битката за двата клучни градови во регионот Донбас – Северодоњецк и Лисичанск се приближува кон страшен крај.
Според информациите на украинските медиуми, војниците кои ги бранат ови два града се предаваат во се поголем број. Постојат индиции дека руската војска ги освојува овие градови и наскоро ќе го стави Донбас под своја контрола.
Украински војници се предаваат преку целата линија на фронтот во близина на Лисичанск и Северодоњецк, соопштил денеска офицер на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) – Андреј Марочко, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
Зеленски, пак, вели дека „битката влегува во некој вид на страшен крај“.
Странските медиуми јавуваат дека „борбите се претворија во војна до исцрпување, а и двете страни претрпеа големи загуби“.
Свет
Пожар во турското одморалиште Мармарис – 300 луѓе се евакуирани

Речиси 300 луѓе се се евакуирани во близина на одморалиштето Мармарис, во југозападна Турција поради пожар што избувнал пред два дена, но се проширил поради високите температури и силните ветрови – изјави министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, пренесува „ТРТ“.
Според информациите на тамошните власти, досега се зафатени речиси три илјади хектари земјиште, а регионот е особено ранлив на шумски пожари поради климатските промени.
Минатото лето огромните пожари уништија илјадници хектари ширум Турција, а најтешко беа погодени бреговите на Егејското и Средоземното Море.
Во гаснењето на пожарот помагаат 12 авиони и 45 хеликоптери, рече Киришчи и додаде дека уште три хеликоптери пристигнуваат од Катар и авион од Азербејџан.
Свет
Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна Македонија, но и на Албанија. Тој нагласи дека се прават обиди да се надмине спорот, а според него, шансите за такво нешто се 50-60 отсто.
„Во врска со Западен Балкан, ситуацијата се разликува од земја до земја. Босна знае дека има работа пред да добие кандидатски статус, Косово има направено одреден напредок кон визна либерализација, но, најмногу сум загрижен околу Северна Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада на земјата и започнување на пристапните преговори“ порача Руте во Брисел.
Холандскиот премиер смета дека Бугарите прават напори за да се направи чекор напред, но тоа треба да биде прифатливо и за Македонците.