Свет
Демократски обвинител: Трамп беше главниот иницијатор на упадот во Капитол
Доналд Трамп бил главниот иницијатор на упадот во Капитол на 6 јануари, изјави денеска главниот демократски обвинител Џејми Раскин на вториот ден од историското судење на поранешниот претседател во Сенатот.
„Американски претседател испрати маса свои приврзаници во Капитол“, рече Раскин на почетокот на денот во кој Обвинителството го има главниот збор.
„Доказите ќе покажат дека Доналд Трамп ја напуштил својата улога на врховен командант и станал главниот двигател на опасниот бунт“, додаде тој.
„Овој случај не се однесува на обвинување невин набљудувач, туку на човек лично одговорен за поттикнување на нападот“, рече Раскин.
Сенатот го почна судењето на поранешниот претседател на САД за поттикнување бунт, односно нападот што се случи во јануари врз зградата на американскиот Конгрес.
Деветмина демократски обвинители изјавија дека Трамп почнал да го разгорува гневот на своите приврзаници многу пред 6 јануари.
„Трамп минатата пролет сфати дека може да ги изгуби изборите во ноември и почна да сади семе на бес меѓу своите приврзаници велејќи дека може да ги изгуби изборите само ако бидат украдени“, рече прeтставникот Џозеф Негус.
Ако сакаме да спречиме вакво нешто да не се повтори, Трамп мора да биде осуден, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

