Свет
Денеска се одбележува Меѓународниот ден против насилството врз жените
Денеска, се одбележува Меѓународниот ден против насилството врз жените, кој годинава се одбележува со мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето“.
Како и претходно, и годинава Меѓународниот ден ќе го означи почнувањето на 16-те дена активизам, што ќе заврши на 10 декември 2019 година, кој е Меѓународен ден на човековите права.
Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е утврден на првиот состанок на феминистките од Јужна Америка и Карибите (Feminist Encuentro) во 1981 година во Богота кога жените првпат отворено зборувале за семејното насилство, силувањето и сексуалното злоупотребување, како и насилство што жените го трпат под режимите, вклучувајќи тортура и насилство.
Во 1999 година ОН со резолуцијата 54/134 официјално го потврдиле 25 ноември како Меѓународен ден на борбата против насилството врз жените.
Овој ден е избран како сеќавање на сестрите Мирабел – Патрија, Минерва и Марија Тереса, кои брутално ги убил диктаторот Рафаел Трухиљо во Доминиканска Република во 1960 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

