Контакт

Свет

Десетици илјади граѓани протестираа на улиците во Минск, уапсени 50 демонстранти

Објавено пред

Десетици илјади луѓе повторно се собраа на улиците во Минск, и покрај заканите од официјалните лица дека ќе употребат огнено оружје со боева муниција против демонстрантите.

Новинската агенција Интерфакс известува дека над 30 000 луѓе се собрале на протестите и дека биле уапсени околу 50 демонстранти.

Истиот извор наведува дека сигналот на мобилната мрежа бил прекинат во некои делови од градот, како и дека во близина на демонстрантите можеле да се слушнат силни звуци слични на оние произведени од експлозија на шок-бомба.

Во Белорусија се одржуваат протести уште од претседателските избори на 9 август, кога според официјалните податоци победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко. Опозицијата тврди дека изборите биле наместени и бара оставка од Лукашенко и нови избори.

Полицијата досега има уапсено 13.000 демонстранти, вклучително и значајни опоозициски лидери коишто не ја напуштиле земјата.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија потврди дека припадниците на органите на прогонот во саботата уапсиле 58 демонстранти на протестите одржани во повеќе градови, за кршење на законот за одржување масовни протести.

Свет

Уништени надворешни информациски ресурси во сајбер нападите врз владините системи во Украина

Објавено пред

Украинската сајбер полиција денеска објави дека минатонеделното хакирање на владините системи уништило надворешни информациски ресурси, што сугерира дека нападот ја надминал само привремената штета на владините сајтови.

Сајбер нападот ги погоди Украинците во четвртокот и петокот, со порака дека се плашат и го очекуваат најлошото, пренесе Ројтерс.

Веќе може да се каже дека нападот е покомплексен од модификацијата на почетната страница на страницата, се наведува во соопштението на сајбер полицијата во кое се додава дека 95% од погодените сајтови повторно функционираат.

Украинските власти соопштија дека нападот влијаел на околу 70 владини локации, вклучувајќи го Советот за безбедност и одбрана, кабинетот и неколку министерства.

Украина верува дека Русија стои зад сајбер нападот, иако Сергеј Демедјук, заменик-секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, во саботата изјави дека најверојатно бил извршен од група поврзана со белоруските разузнавачки служби, додава Ројтерс.

Белорусија не ги коментираше наводите дека можеби била вмешана во сајбер напади, додека Русија ја отфрли одговорноста.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени на границата меѓу Монголија и Кина

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Монголија и Кина, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од пет километри, пренесува „Ројтерс“.

Британската агенција не соопштува дали има податоци за евентуални жртви, повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Голема трагедија на француските Алпи – животот го загуби петгодишно девојче

Објавено пред

Страшна несреќа се случила на француските Алпи кога 40-годишен маж додека скијал налетал на петгодишното девојче Офелија од Британија и го убил на лице место!

Според британските медиуми, несреќното дете било на патеката за скијање кога на неа налетал маж со голема брзина.

Девојчето, како што е соопштено, немало шанси да преживее поради екстремно тешките повреди, а на пат кон болница починало.

Трагедијата се случила во луксузното одморалиште Флен, кое се наоѓа на околу 80 километри од швајцарскиот град Женева. Малата Офелија живеела со семејството во тој град.

Непосредно пред да го изгуби својот живот, таа скијала со уште четири деца кои стоеле недалеку од инструкторот на самиот раб на патеката.

– Се работи за човек кој очигледно бил добар скијач, волонтирал како пожарникар, но очигледно се движел со голема брзина – рекол обвинителот од блискиот Боневил и открил дека против човекот ќе биде спроведена постапка за убиство, пред се поради загрозување на безбедноста.

Обвинетиот 40-годишен маж ќе добие казна од најмалку пет години затвор, како и парична казна од околу 65.000 евра.

Медиумите јавуваат дека семејството на малата Офелија е во исклучително тешка ситуација и дека моментално работат на изнаоѓање психолошка поддршка за нив, пред да пристигнат назад во Женева.

Инаку, максималната дозволена брзина на делот каде што загина детето е 48 километри на час, но човекот се движел многу побрзо од тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија4 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија6 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија7 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија8 часа

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет9 часа

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт10 часа

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион10 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет11 час

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет12 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет12 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија21 час

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија1 ден

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија1 ден

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа1 ден

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион1 ден

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ1 ден

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет1 ден

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Досие