Свет
Директорот на СЗО: Навремено го предупредивме светот за пандемијата
Тедрос Аданом Гебрејесус, директорот на Светската здравствена организација (СЗО), денеска во Женева предупреди дека коронавирусот ќе остане меѓу луѓето долго време, а притоа се бранеше себеси и организацијата што ја претставува од критиките добиени во последните недели.
„Кога ќе погледнеме наназад, мислам дека го предупредувавме светот доволно рано и земјите имаа време да се подготват. Првото предупредување го испративме кога во светот имаше 82 заразени лица и не беа забележани смртни случаи“, рече Гебрејесус.
САД во неколку наврати бараа оставка од Гебрејесус, но многу други држави ја пофалија работата на СЗО оценувајќи го нејзиниот придонес како витален. На прашањето за евентуална оставка, Гебрјесус кусо одговори: „Ќе продолжам да работам дење и ноќе за да спасам животи“.
СЗО е обвинета од страна на САД дека задоцнето го известила светот за коронавирусот и криела факти штитејќи ги кинеските интереси. САД веруваат дека во Кина бројот на заразени и починати од коронавирус е многу поголем од оној во извештаите на кинеските власти.
САД почнаа да истражуваат колку е транспарентна Светската здравствена организација за време на оваа пандемија и што крие од јавноста.
Претходно, американскиот претседател, Доналд Трамп, го прекина финансирањето на организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

