Свет
Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот
Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот на СЗО.
Тедрос Гребрејсус истакна дека од повеќе од 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.
Тој оцени дека пандемијата укажала на нееднаквости на глобално ниво и во одделни земји како во медицинскиот систем така и во поширокото општество, пренесува „Гардијан“.
„Обично се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики, ниту за оние меѓу здравјето и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на Ковид-19, дефинитивно, ги избриша сите нив“, рече Гребрејсус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување
Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во своето вечерно видео обраќање рече дека руските сили испраќаат севернокорејски трупи во битка со минимална заштита и дека Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување.
„Нивните загуби се значајни, многу значајни. Гледаме дека ниту руската војска ниту нивните севернокорејски надзорници немаат никаков интерес да обезбедат опстанок на Севернокорејците. Сè е организирано на таков начин што е невозможно да се заробат. Има случаи кога нивните сопствени сили ги погубуваат“, рече тој.
Украинските и западните разузнавачки извештаи покажуваат дека има околу 12.000 севернокорејски војници во Курск, руски пограничен регион каде што украинските сили држат делови од територијата по пробивот во август.
Претходно оваа недела, Зеленски рече дека повеќе од 3.000 Севернокорејци биле убиени или ранети.
Тој изјави дека украинските сили успеале да заробат неколку севернокорејски војници, но дека тие „се тешко ранети“ и дека „не било можно да им се спасат животите“.
Зеленски истакна дека Севернокорејците не треба да ги губат животите во битките во Европа.
„Ако Кина е искрена во своите изјави дека војната не треба да се шири, таа мора да изврши соодветен притисок врз Пјонгјанг“, рече тој.
Свет
Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа
Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина на градот Актау во Казахстан на почетокот на неделава, при што загинаа 38 лица.
„Истрагата ќе разјасни каков вид на оружје е употребено за да се предизвика надворешниот удар“, рече министерот за транспорт Рашад Набиев, според азербејџанската државна новинска агенција Азертаг.
Набиев изјави дека остатоците и изјавите на сведоците укажуваат на тоа дека авионот бил оштетен надворешно над аеродромот на неговата првична дестинација во Грозни, главниот град на руската република Чеченија.
„Според овие [изјави], надвор се слушна бучава од експлозија, а потоа авионот удри во нешто“, рече тој.
Во моментот кога авионот бил оштетен во средата наутро, руската противвоздушна одбрана наводно била ангажирана во борба со украинските беспилотни летала во регионот. Набиев не прецизираше кој пукал во авионот.
Европа
(Видео) Фицо: Размислуваме за возвратни мерки доколку Украина го запре протокот на руски гас
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, рече дека земјата ќе размисли за реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервната испорака на електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, според очекувањата.
Словачка се обидува да го задржи рускиот гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.
Фицо тврди дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат словачките транзитни операции, предизвикувајќи загуба од 500 милиони евра во такси. Во денешната видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо го повтори своето мислење дека прекинот на гас преку Украина ќе има негативно влијание врз Европската унија и нејзината конкурентност.
Тој ги наведе проценките дека трошоците за Унијата би можеле да достигнат 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година поради повисоките цени на гасот и производството на електрична енергија. Тој ја препиша вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого имаше јавна полемика минатата недела.
„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина. Доколку стане неизбежно, ќе го прекинеме снабдувањето со електрична енергија на Украина“, рече Фицо во видеото.
Украина објави дека од 1 јануари ќе го запре протокот на руски гас низ нејзината територија. Словачка тврди дека овој потег нема да влијае на потребите на нејзините потрошувачи поради капацитетот за складирање, додека главниот купувач на гас во земјата, компанијата „СПП“, има договори за купување гас од извори надвор од Русија.