Свет
Додека исламскиот свет слави, христијаните прогласија ден на жалост за „Аја Софија“
Илјадници муслимани верници се собраа пред „Аја Софија“ во Истанбул утринава, подготвени за првите молитви откако турските власти донесоа одлука богатото христијанско наследство на зградата да биде преиначено, а зградата да биде претворена во џамија, пренесува Би-би-си.
„Муслиманите се возбудени, сите сакаат да бидат на отворањето“, рече гувернерот на Истанбул, Али Ерликаја, додека градот со 18 милиони луѓе се подготвуваше за настанот.
Возбудената толпа, од кои дел ноќеваа пред црквата за шанса да влезат во неа и да го прослават нејзиното претворање во џамија, се собра помалку од 24 часа откако турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, постави плакета за да ја потврди промената на историската зграда тврдејќи дека тоа е историско и суверено право на Турција. Ердоган често ја користеше дебатата за „Аја Софија“ за да поттикне поддршка за неговата партија со исламски корени.
The @goarch is inviting all Christians and people of goodwill to join in a Day of Mourning on July 24 for #HagiaSophia. They have asked that every Church toll its bells, every flag be raised to half-mast and that the Akathist Hymn is chanted or the rosary recited in the evening. pic.twitter.com/ib6R3wDiWQ
— U.S. Catholic Bishops (@USCCB) July 21, 2020
Одлуката предизвика длабок немир кај православните христијани. Само неколку часа пред првите повици на муслиманските имами, Американската конференција на католички бискупи се приклучи на повикот на Грчката православна црква во САД да се прогласи ден на жалост поради одлуката.
Епископите на САД (УСЦЦБ) во твит ја објавија веста за денот на жалоста прифаќајќи го повикот од Грчката православна црква упатен до сите христијани и луѓе со добра волја да се приклучат во денот на жалост на 24 јули за „Аја Софија“.
Во повикот се бара секоја црква да ги бие своите камбани, секое знаме да се спушти на половина копје, да се прочита Акатист или молитвата на бројницата.
Пред првата петочна молитва во „Аја Софија“, Ердоган рецитира стих од муслиманската света книга, Куранот, пред да се чуе повикот за молитва од четирите минариња на „Аја Софија“. Али Ербаш, шеф на највисокото религиозно тело во Турција, ја предводеше првата петочна молитва, а двајца имами и четири муезини ќе служат во другите денови.

Колосалната „Аја Софија“ е изградена пред 1.500 години како православна христијанска катедрала и беше претворена во џамија кога Османлиите го освоија Цариград, сега Истанбул, во 1453 година. Секуларната турска влада во 1934 година донесе одлука да ја претвори црквата во музеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

