Свет
Доктор Фаучи е позитивен на Ковид-19
Ентони Фаучи (81) – американскиот експерт за заразни болести е инфициран со Ковид-19.
Националниот институт за здравје информираше дека се тестирал со брз антиген тест, но продолжува да работи од својот дом, додека закрепнува.
Оттаму додаваат дека Фаучи „моментно има лесни симптоми“.
Инаку, Фауч,и кој е целосно вакциниран, со примени две бустер-дози, иако е главен советник за здравство на американскиот претседател, Џо Бајден, скоро немал близок контакт со него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

