Свет
Досега 31.000 волонтери ја примиле вакцината „спутник 5“

Руското Министерство за здравство објави дека го прекинало приемот на нови волонтери за главните тестови на вакцината „спутник 5“, пренесува „Ројтерс“.
Министерството наведува дека над 31.000 волонтери веќе биле вакцинирани како дел од тековните истражувања во Москва, од кои една четвртина добиле плацебо.
Александар Гинзбург, директор на рускиот Истражувачки центар „Гамалеја“, претходно изјави дека Министерството за здравство дозволило промена на форматот на тестовите за пострегистрација на вакцината „спутник 5“, така што на волонтерите веќе нема да им се дава плацебо, туку само вистинска вакцина бидејќи веќе се покажало дека е безбедна.
Тој исто така рече дека приближно 440.000 од првите вакцини „спутник 5“ се дистрибуирани за вакцинирање на граѓаните и дека набргу ќе бидат достапни уште 200.000.
Вакцината „спутник 5“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, беше регистрирана во Русија на 11 август, со што стана прва регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.