Свет
Драматично во САД: седми ден по ред со над 60.000 заболени, во болниците нема веќе место
Седми ден по ред повеќе од 60.000 луѓе заразени со коронавирус се регистрирани во САД за 24 часа. Според податоците што ги соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“, во последните 24 часа се заразени 61.288 лица, а од почетокот на епидемијата 3,82 милиони. Починале 448 лица, а 140.922 од почетокот на инфекцијата.
САД, кои се најпогодени од коронавирусот во светот, веќе седум дена по ред имаат повеќе од 60.000 заразени секој ден, а минатиот петок беа регистрирани 77.638 заразени лица. Епидемијата е особено проширена на југот и западниот дел на САД. Државите Калифорнија и Флорида се најмногу погодени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

