Свет
Драстични епидемиолошки мерки во Хонгконг, бебињата и децата ги врзуваат за кревет
Здравствените власти во Хонгконг ги врзувааат за кревет бебињата и децатата што се изолирани, а сè погласни се критиките поради психолошките последици од ваквите драстични мерки против коронавирусот.
Иако е еден од најгусто населените градови во светот, поранешната британска колонија, генерално, успеа да воспостави контрола над пандемијата.
Досега во Хонгконг се регистрирани 11.000 заразени од коронавирус и 200 смртни случаи, а тоа е постигнато со некои најдрастични мерки во светот. Секој што има позитивен тест на коронавирус, веднаш се испраќа во болничка изолација, без разлика дали има симптоми или не, а оние што се сметаат за блиски контакти се испраќаат на двенеделен престој во карантинските кампови контролирани од владата.
Повеќето луѓе, откако ќе влезат на територијата на Хонгконг, треба да одат во тринеделен карантин во специјално назначени хотели на свој трошок.
На социјалните мрежи има сè повеќе критики за практиката на одделување на децата од родителите во одделите за изолација, така што мајките не може повеќе да ги дојат бебињата, а децата ги врзуваат за креветот за да бидат на едно место.
Владата на Хонгконг постојано се обидуваше да ги оправда своите политики оваа недела, вклучително и практиката на врзување деца.
„Општо, болницата ќе ја разгледа само примената на физички ограничувања на педијатриски пациенти заради безбедноста и благосостојбата на пациентите“, соопшти администрацијата на болницата додавајќи дека за тоа е потребно одобрување од родител или старател.
Додадено е дека на родителите што имале негативен тест на коронавирус обично им е дозволено да бидат со заразените деца во единиците за изолација доколку има место.
Но, како што забележува „Франс прес“, тоа не е секогаш така. Постојат примери на самохрани родители, кои не се на исто место со своите деца и може да комуницираат со нив само на телефон.
Конзулатите на Швајцарија, Велика Британија и на САД изразија загриженост во последните денови за психолошките последици од овие драстични мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

