Свет
Евреите и католиците бараат да им се вратат верските права
Католиците и Евреите побараа од американските судови да ја укинат наредбата на гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.
Според таа одредба, присуството на религиозни церемонии е ограничено на 10 лица со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а тие мерката ја нарекоа закана за верските слободи.
Окружниот правобранител на САД, Никола Гарауфис, рече дека се надева оти пресудата за прелиминарната забрана, со која ќе се укинат ограничувањата по барање на Римокатоличката епархија во Бруклин, ќе биде донесена до петок, пренесува „Ројтерс“.
Во жалба од 33 страници, полна со историски референци за прогонството врз Евреите, три ортодоксни еврејски конгрeгации наведоа дека Куомо ги забранил најмалите заеднички верски служби.
„За Евреите, заедничкото богослужење е основна служба за која илјадници ги жртвуваа своите животи“, се наведува во жалбата.
Во случајот на католиците бискупот Рејмонд Капето изјави дека во црките се почитуваат мерките на социјално дистанцирање.
Тој додаде дека во неговите 26 парохии нема жаришта и посочи дека неделните миси се задолжителни за католиците и дека е апсолутно од клучно значење тие да присуствуваат на нив лично.
Адвокатите на епархијата оценија дека нема рационална основа за наредбата на Куомо и истакнаа дека жариштата на инфекцијата се појавија во заедниците на ортодоксните Евреи, а не меѓу католиците во Бруклин.
На 6 октомври Куомо нареди затворање на неесенцијалните продавници и ги ограничи собирите во верски објекти на 10 лица во области со голема стапка на инфекција вклучувајќи и некои населби во Бруклин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

