Свет
Езеро се излеа во Индија – повеќе од сто исчезнати, има и мртви
Најмалку 14 лица загинаа, а 102 се исчезнати во североисточна Индија кога, поради обилните дождови, се излеа езеро предизвикувајќи поројни поплави по планинската долина.
Катастрофата погоди повеќе од 22.000 луѓе, соопштија властите, и е последна во серијата смртоносни временски настани во планините во Јужна Азија за кои се смета дека се предизвикани поради климатските промени.
Акциите за пребарување се преземаат во услови на континуирани врнежи и надојдената река Тееста, која на повеќе места однесе патишта и мостови“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Дождот за краток период падна кај глечерското езеро Лонак предизвикувајќи поројни поплави по долината, околу 150 километри северно од Гангток, главниот град на државата Сиким, во близина на границата со Кина. Државната агенција за справување со катастрофи соопшти дека 26 лица се повредени, а 102 се водат за исчезнати. Реката однела најмалку единаесет моста.
Снимките од новинската агенција АНИ покажуваат дека надојдената вода се проширила во урбаните средини, каде што неколку куќи се урнати, воени бази и други објекти се оштетени, а возила се потопени. Метеоролошкиот оддел предупреди на дополнителни лизгања на земјиштето бидејќи се очекуваат обилни дождови во делови од Сиким и соседните држави во следните два дена.
Други планински области на Индија, како и делови од соседните Пакистан и Непал, беа погодени од поројни дождови, поплави и лизгање на земјиштето во последните месеци, при што загинаа десетици луѓе. Минатата година Пакистан ги обвини климатските промени за невидени поплави предизвикани од историските монсунски дождови, кои однесоа патишта, земјоделски култури, инфраструктура и мостови и загинаа најмалку илјада луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

