Свет
Експертите на СЗО отпатуваа во Кина за да го испитаат потеклото на коронавирусот

Се верува дека коронавирусот се проширил од пазарот во централниот кинески град Вухан минатата година со пренесување од животните на луѓето.
Двајца научници на СЗО, експерти за здравјето на животните и епидемиологијата, ќе работат со кинеските колеги за да се утврдат обемот и насоката на истрагата, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на брифинг за новинарите во Женева.
„Едно од најголемите прашања на кое секој би сакал да го знае одговорот и затоа испраќаме експерти за здравствена заштита на животните за да откриеме дали вирусот преминал од животинските видови на луѓето и од кои видови“, рече Харис.
„Знаеме дека е многу, многу сличен на вирусот кај лилјаците, но дали имало други посредни видови или видови? Ова е прашање на кое сите треба да го знаеме одговорот“, рече таа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и државниот секретар, Мајкл Помпео, изјавија дека вирусот потекнува од лабораторијата во Вухан, иако тие не дадоа никакви докази за ваквите тврдења, што Кина жестоко ги отфрла.
Научниците и американските разузнавачки агенции тврдат дека вирусот потекнува од природата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот полициски синдикат: Построгите гранични контроли не се одржливи на долг рок

Засилените гранични контроли во Германија и одбивањето на барателите на азил не можат да се одржат долго, предупреди германскиот полициски синдикат, наведувајќи го преоптоварениот персонал и суспендираните програми за обука.
Претседателот на полицискиот синдикат GdP, Андреас Роскопф, во изјава објавена во понеделник за Funke Media Group изјави дека мерките биле управливи само затоа што распоредите на работните места биле прилагодени, обуките биле одложени, а прекувремените часови биле суспендирани.
„Полицијата може да ги продолжи овие интензивни проверки само уште неколку недели“, рече Роскопф, додавајќи дека повеќе од 1.000 полицајци за сузбивање немири се распоредени во пограничните региони веќе неколку дена.
Кратко по преземањето на функцијата претходно овој месец, германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт нареди построги гранични проверки, дозволувајќи ѝ на полицијата да ги враќа мигрантите дури и ако побараат азил.
Според Добриндт, бројот на луѓе што се одбиени се зголемил за речиси половина откако се заострени контролите.
Роскопф додаде дека синдикатот ги поддржува напорите на владата за намалување на нелегалната миграција преку гранични контроли што ги спроведува федералната полиција.
Европа
Британска влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да ги угости лидерите на блокот денес. Извори од британската влада изјавија дека разговорите влегуваат „во завршна фаза со некои отворени прашања од двете страни“, само неколку часа пред планираниот самит Велика Британија-ЕУ во Лондон.
Британскиот премиер Стармер ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по втор пат во четири дена, со цел да постигне договор со ЕУ за низа прашања. Ова вклучува очекувано соопштение за одбраната и безбедноста, кое би можело да вклучува договор со кој на британските компании ќе им се овозможи пристап до одбранбениот фонд на ЕУ од 150 милијарди евра (168 милијарди долари).
Но, извештаите сугерираат дека на маса би можеле да бидат и договори што ќе им дозволат на британските патници да користат електронски пријавувања на европските аеродроми, ќе ја намалат бирократијата за извоз на храна и ќе воспостават програма за мобилност на младите со ЕУ.
Вчера наутро, министерот Ник Томас-Симондс изгледаше уверен дека може да се постигне договор во голем број области, но одби да зборува за какви било потенцијални детали: „Ништо не е договорено додека не се договори сè“.
Подоцна вчера, извори од британската влада изјавија дека е остварен „огромен напредок“ во постигнувањето „договор од кој сите добиваат со ЕУ“ што би „им користел на британските работници“. Но, тие инсистираа дека Стармер „јасно ставил до знаење дека ќе се согласи само на договор што е во национален интерес на Обединетото Кралство“.
И лидерката на конзервативците, Кеми Баденок, и лидерот на Реформската партија, Најџел Фараж, веќе го опишаа договорот како „предавање“, и покрај тоа што деталите сè уште не се познати, и навестија дека ќе го поништат доколку дојдат на власт.
Свет
(Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи

Украинецот Јевхен Б. беше уапсен во Кројцлинген, а кој е осомничен дека дејствува како руски агент. Се вели дека набавил „GPS“ тракери за пробни пратки во Швајцарија.
Како што пишува „Блик“, неговиот профил е преполн со фотографии на кои е мускулест и се смешка во камерата. Селфито е воедно и последната фотографија што ја објавил пред апсењето.
Сепак, сега тој и уште двајца Украинци се обвинети за „тајни активности со цел саботажа“.
Тие наводно планирале „да предизвикаат пожари“ и „експлозивни напади“. Целта беше товарниот сообраќај во Германија. Според Федералното обвинителство, мажите биле во контакт со едно или повеќе лица кои работеле за руската тајна служба. Неколку недели пред апсењето, тие испратиле пакети со „GPS“ тракери, наводно за да ги извидат транспортните правци. Подоцна, според истражителите, тие сакале да испратат пакети што содржат запаливи и експлозивни материјали во Украина – и да ги разнесат на германска почва.
Ist der in Kreuzlingen verhaftete Ukrainer ein kaltblütiger Saboteur? Oder ein unschuldiger Mann? Blick hat seine Spuren verfolgt – und mit seiner Mutter gesprochen. https://t.co/x1huqFabta
— Blick (@Blickch) May 17, 2025
Во 2020 година, Јевхен Б. бил баран во Лублин, источна Полска. Приватно, тој изгледа како зависник од адреналин. Во објавите на Инстаграм, тој скока од авион, позира со боксерски ракавици или во џудо кимоно со бел појас.
Неговата мајка ги смета обвинувањата против него за апсурдни и тврди дека Јевен бил измамен.
Но, тој има врски со Русија. Една од неговите сестри живее во Москва. Неговата друга сестра живее на Крим, кој беше анексиран од Русија.