Свет
Експерт тврди дека анексијата ги спречува Палестинците од етничко чистење на Евреите

Планот на Израел да го примени суверенитетот на делови од Западниот Брег става крај на морално одвратната идеја – поддржана од сите американски администрации, освен онаа на Трамп – дека Евреите треба да бидат етнички исчистени од територијата, изјави правниот експерт Еуген Конторович во ексклузивно интервју за „Брејтбарт њуз“.
„Администрацијата на Обама зазеде став дека мирот со Палестинците бара Израел етнички да ја исчисти територијата. Администрацијата на Трамп имаше морална јасност да признае дека отстранувањето на еврејскиот народ од населбите на Западен Брег како израелска обврска во мировниот договор е морално одвратно“, истакна Конторович.
Таканаречената визија за мир на претседателот Доналд Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западниот Брег и долината на Јордан. Исто така, се разграничува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим, кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.
Ако Израел продолжи со плановите, Палестинската Самоуправа предупреди дека еднострано ќе прогласи држава заснована на линиите од пред 1967 година.
Според Конторович, професор по право кој работи како директор на Центарот за Блискиот Исток и меѓународно право на Правниот факултетот при Универзитетот „Џорџ Мејсон“, сите мировни предлози – освен оние на Трамп – кои се изнесени низ годините откако Израел го ослободи Западниот Брег од јорданската окупација во одбранбената војна во 1967 година, се засноваа на погрешна идеја дека еврејското присуство таму е нелегално и треба да се смени.
Овие предлози бараа Израел да одржи подрачјето од кое Јордан етнички ги исчисти Евреите во 1948 година како зона со постојан „јуденреин“, рече тој, користејќи ја нацистичката терминологија за исклучување на Евреите. И покрај тоа што ниту една израелска влада досега не предложила евакуација на Палестинците од областа, тој рече дека протерувањето на Евреите е минимално барање за какви било палестински преговори.
„Израел треба да го примени израелскиот закон над оваа област како што требаше да се направи пред 53 години по Шестдневната војна,“ изјави професорот по право.
Израел во тоа време верувал дека станува збор само за привремена ситуација и дека еврејската држава ќе склучи мировен договор со Палестинците. Но, Палестинците ги отфрлија сите израелски понуди, па близу половина милион доселеници со децении требаше да живеат под кафказијанска бирократија слична на мрачните отомански закони што владеат во таа област.
На прашањето дали премиерот Бенџамин Нетанјаху е претпазлив околу притисок за суверенитет и покрај европското и арапското отфрлање – па дури и двоумењето од страна на САД – Конторович е одлучен.
„Не мислам дека постои понежен и попретпазлив начин отколку да не го сториш тоа 53 години и притоа да нудиш државјанство на Палестинците во безброј прилики. Тоа е долг период на смирување на ситуацијата“, рече тој.
Кондорович, исто така, се занимава со терминот анексија објаснувајќи дека во меѓународното право анекцијата е дефинирана како една држава која зема земја од друга суверена држава. Бидејќи во овој случај Западниот Брег нема суверенитет, терминот анексија е погрешен.
„Вистинскиот агресор не чека 53 години да го примени законот на својата територија. Сепак, според двојните стандарди на меѓународната заедница, Израел секогаш ќе се смета за агресор. Европејците дури признаа дека правилата според тие постапуваат со Израел не исти како оние за некоја грубо споредлива ситуација и тие се се повеќе отворени за тој факт “, рече тој.
Во меѓународното право на Израел не му е дозволено да стори ништо ж, рече тој.
„Тоа е затоа што постои посебен систем на меѓународно право за Израел“, рече Конторович и додаде дека еврејската држава е „меѓународно правно гето, кое се состои од правила што се создадени и дизајнирани и се применуваат само за таму“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина ја забрзува постапката за извоз на нејзината вакцина против Ковид-19

Кина објави дека нејзината царинска служба треба да обезбеди приоритет при извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олесни нивното царинење.
Царината треба да ги постави како приоритетни инспекциските процедури за превозниците кои учествуваат во извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олеснат царинењето на тие пратки, соопшти кинеското Министерство за транспорт во упатствата за логистика на вакцините против Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Локалните транспортни власти во Кина, исто така, треба да воспостават зелени канали за да се направи приоритет на испорака на пратките со вакцини, се наведува во упатствата на Министерството.
Вакцината „коронаВак“ на кинеската компанија „Синовак“ се доставува до Индонезија, Турција и Бразил за масовна имунизација, додека некои земји, вклучувајќи ги Египет и Обединетите Арапски Емирати, ги добија потребните дози од кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“, наведува „Ројтерс“.
Регион
Во Хрватска 23 починати и 448 новозаболени од Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 23 смртни случаи и 448 новозаразени со коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов има 2.510 активни случаи, меѓу кои 1.491 пациент се во болница, од кои 139 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во февруари минатата година, во Хрватска се евидентирани вкупно 229.502 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.882 починале, а вкупно закрепнале 222.110 лица, од кои 434 во последните 24 часа.
Во моментов има 14.793 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.162.664 лица, од кои 6.208 во последните 24 часа.
Свет
СЗО: Меѓународните патници не би требало да се приоритет за вакцинација

Експертите на Светската здравствена организација претпазливо го поддржаа одложувањето на втората доза на вакцината против коронавирус на „Модерна“ во одредени ситуации, како што тоа веќе го сторија за вакцините ФАјзер-Бионтех.
Експертите за имунизација на Стратешката советодавна група (САГЕ) на СЗО, исто така, инсистираат на тоа дека меѓународните патници не треба да бидат приоритет за вакцинирање уште некое време. За време на состанокот минатата недела, експертите разговараа за вакцината „Модерна“, која, како и вакцината „Фајзер-Бионтех“, користи технологија mRNA и се користи во голем број земји.
И за двете вакцини е потребна втора доза (ревакцинација) по три до четири недели, но неколку земји со кои се соочуваат ограничени залихи на вакцини изјавија дека ќе го одложат давање втора инјекција, за да можат што повеќе луѓе да ја земат првата доза.
Советничката група за вакцини на СЗО рече дека е најдобро да се следат тестираните 28-дневни интервали помеѓу дозите. Групата, сепак, соопшти овој месец дека во „исклучителни околности“ е можно да се почека до 42 дена за да се инјектира втора доза вакцина Фајзер-Бионтех, и денес го изјави истото за вакцината „Модерна“.
Агенцијата за јавно здравје на ООН досега ја одобри само вакцината Фајзер-Бионтех за употреба, но исто така се очекува да издаде одобрение за вакцината „Модерна“. СЗО ги повика здравствените работници и најранливите 20 проценти од луѓето во секоја земја да примаат вакцини пред да шират програми за имунизација на нивните популации.
„ Во сегашната ситуација со многу ограничени залихи, повластената вакцинација на меѓународните патници би била спротивна на принципот на еднаквост“, наведува САГЕ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот