Свет
Ексшефот на венецуелското разузнавање исчезна во Шпанија пред екстрадицијата во САД
Шпанската полиција трага по поранешниот началник на разузнавачката служба во Венецуела, генералот Уго Армандо Карвахал, кој исчезна во петокот кога судот донесе одлука да го екстрадира во САД, пренесува „Спутник“.
Коментирајќи за исчезнувањето, адвокатот на Карвајал, Марија Долорес, рече дека таа не знае каде се наоѓа нејзиниот клиент додавајќи дека тој не бил информиран за налогот за апсење.
Во петокот Кривичната комора на Шпанскиот национален суд донесе одлука да го екстрадира Карвахал кога третиот оддел на истиот суд го одби барањето за екстрадиција на 16 септември. САД претходно побараа од Шпанија да го екстрадира Карвахал тврдејќи дека тој наводно соработувал со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) за да прошверцува кокаин во САД. Според обвинителниот акт поднесен во Њујорк, Карвахал беше обвинет за шверц на повеќе од 5,6 тони кокаин во Колумбија, подоцна наменет за САД.
Во своето барање за екстрадиција во Шпанија, САД тврдеа дека Карвахал, кој работел како началник на разузнавачката служба и со починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез, и со актуелниот претседател, Николас Мадуро, имал намера да ги поплави САД со кокаин соработувајќи со колумбиските герилски сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.
Европа
Украина: Со американски проектил уништивме руски радар вреден 100 милиони долари
Војската на Украина денеска соопшти дека користела американски балистички ракети ATACMS за напад на руска радарска станица за да ја намали способноста на силите на агресорот да откриваат, следат и да пресретнуваат балистички цели.
Во соопштението објавено на каналот на „Телеграм“ армијата не прецизира кога и каде е извршен нападот на радарската станица „Небо-М“.
„Уништувањето на радарот ‘Небо-М’ ќе создаде поволен воздушен коридор за ефикасно користење на крстосувачките ракети Storm Shadow и SCALP-EG“, се вели во соопштението во врска со идната употреба на британските и француските ракети со долг дострел.
Украинската војска соопшти дека верува оти Русија има уште 10 такви радарски системи, од кои секој се проценува дека чини повеќе од 100 милиони долари.
Соединетите Американски Држави испратија проектили со долг дострел ATACMS во Украина оваа пролет, а советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, тогаш изјави дека Украина се обврзала да го користи оружјето само на своја територија.