Контакт

Свет

Ердоган во вторник ќе допатува во Русија

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе допатува во еднодневна официјална посета во Русија на 27 август каде со неговиот колега Владимир Путин ќе разговараат за Сирија.

Турското претседателство ова го соопшти по телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели.

Ердоган му кажал на Путин дека нападите на сириската војска во северозападниот дел од Сирија предизвикуваат хуманитарна криза и ѝ се закануваат на безбедноста на Турција.

Првиот човек на Турција најави дека за случувањата во Сирија ќе разговара телефонски и со претседателот на САД, Доналд Трамп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Секој осми Австралиец живее под границата на сиромаштија

Објавено пред

Повеќе од 3,2 милиони австралиски државјани, што претставува 13,6 отсто од населението, живеат под границата на сиромаштијата, што е најлошата стапка на сиромаштија меѓу другите богати држави во светот, се вели во новиот извештај на австралискиот Совет за социјални работи, пренесува „Камбера тајмс“.

„Не е во ред што во Австралија, една од најбогатите земји во светот, повеќе од три милиони луѓе, вклучително и три четвртини од еден милион деца, живеат во сиромаштија. Сакаме да се поддржуваме едни со други. Такви сме како нација. Но, нашата економија ги остава луѓето зад себе, со постојано високи стапки на сиромаштија и покрај децениите непрекинат економски раст, , рече извршниот директор на советот, Касандра Голди.

Во овој број се вклучени повеќе од 770.000 деца под 15-годишна возраст, што е речиси 18 отсто од сите деца во Австралија.

Во Австралија, линијата на сиромаштија е оданочени 457 долари неделно за еден возрасен човек, а разликата помеѓу приходите на луѓе во сиромаштија во различни видови семејства и границата на сиромаштија е 282 долари неделно, откриваат авторите на извештајот.

Според групата, владата може да ја намали сиромаштијата преку зајакнување на растот на работните места и со помагање во трошоците за домување, кои се меѓу највисоките во светот.

Прикажи повеќе...

Свет

Изборното тело на Боливија го спречи Моралес да се кандидира за Сенатот

Објавено пред

Врховниот изборен трибунал на Боливија ја одби апликацијата на поранешниот претседател Ево Моралес да се регистрира како кандидат за Сенатот, изјави првиот човек на Трибуналот, Салвадор Ромеро, на прес-конференција во четвртокот, пренесува ТАСС.

На поранешниот министер за економија, Луис Арче, кој е поддржувач на Моралес, му беше дозволено да се кандидира на претстојните избори.

„Донесена е одлука да се одбие барањето за регистрација како кандидат за Сенатот од Ево Моралес. Во исто време, жалбите против регистрацијата на Луис Арче, претседателски кандидат од партијата Движење кон социјализам, се сметаат за неосновани “, рече Ромеро.

Тој додаде дека апликацијата на Моралес е одбиена затоа што тој не го исполнил условот за постојан престој.

Откако поднесе оставка во ноември 2019 година, Моралес ја напушти Боливија и замина во Мексико, а потоа во Аргентина, каде што доби статус на бегалец.

Прикажи повеќе...

Свет

Итна евакуација ги преплаши посетителите на аренатa О2 во Лондон 

Објавено пред

Итна евакуација се случила во арената О2 во Лондон, пренесува „Дејли експрес“. Според очевидец, на разгласот во салата било прочитано соопштение во кое било кажано: „Поради итен случај потребно е да се евакуира зградата“.

Пред вечерашниот настап на инди поп-групата „1975“, посетителите кои сакале да си обезбедат најдобар поглед кон музичарите во колона влегувале во салата, но се создала паника кога на разгласот била прочитана пораката за итна евакуација.

О2 потврди дека пораката била дел од редовна вежба. Арената О2 се наоѓа во југоисточен Лондон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати...

Македонија1 час

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија2 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија3 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава3 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет4 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион4 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет5 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет5 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет5 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија15 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ21 час

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ24 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Досие