Контакт

Свет

Ердоган ги повика глобалните трговски партнери да го уништат монополот на американскиот долар

Објавено пред

Турција ќе продолжи со трансакциите за кои не користи американски долари во трговијата и во инвестициите со други земји, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган како одговор на санкциите во САД, пренесува РТ. Тој го спореди однесувањето на САД кон неговата земја со „диви волци”.

„Ние треба постепено еднаш засекогаш да го уништиме монополот на доларот користејќи ги локалните и националните валути меѓу нас”, рече Ердоган на бизнис форумот во Киргистан на кој присуствуваше.

Според турскиот претседател, системот поврзан со доларот кој беше дизајниран да ја поедностави глобалната трговија се претвори во голем проблем. Целта на манипулирањето со девизните курсеви е другите да се посомневаат во силната и здрава турска економија.

„САД се однесуваат како диви волци. Не верувајте им “, рече Ердоган. “Користењето на доларот само ни штети. Ние нема да се откажеме. Ќе победиме “.

Турција во моментот се бори со тешка валутна криза предизвикана од ескалирачките санкции на САД. Лирата годинава загуби околу 42 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар како резултат на дипломатскиот спор меѓу Анкара и Вашингтон. Податоците од турскиот Институт за статистика покажаа дека стапката на инфлација во земјата минатиот месец се искачи на речиси 18 отсто. .

Вашингтон примени економски притисок врз Анкара поради притворањето на американскиот пастор Ендрју Брунсон, кој пред две години беше обвинет дека помагал во неуспешниот воен удар врз претседателот Ердоган. Брунсон се соочува со затворска казна до 35 години.

Засега Белата куќа ги замрзна средствата на турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, и на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, поради нивните наводни „водечки улоги” во затвоањето на Брунсон. Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги удвои сегашните увозни тарифи наметнати на турскиот челик и на алуминиумот. Како одговор, Анкара  најави тарифи за увоз на одредени стоки од САД, вклучувајќи ги автомобилите, алкохолот и тутунот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Објавено пред

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД добива на интензитет, особено откако беше поддржан од Германија, која долго време се спротивставуваше на таков самостоен пристап, објавува „Волстрит журнал“.

Службениците вклучени во планот, кој некои го нарекуваат „европско НАТО“, се стремат да ја зајакнат улогата на Европа во командните структури на алијансата и да ги надополнат американските воени капацитети со европските. Целта не е да се создаде конкуренција за постојниот сојуз, туку да се обезбеди континуирано руско одвраќање, оперативен континуитет и нуклеарен кредибилитет дури и ако Вашингтон ги повлече своите сили од Европа или одбие да ја брани, како што претседателот Доналд Трамп постојано се закануваше.

Клучен пресврт во Берлин

Плановите, првично замислени минатата година, ги одразуваат длабоките европски загрижености за сигурноста на Соединетите Држави како сојузник. Нивниот развој беше забрзан откако Трамп ѝ се закани на Данска, членка на НАТО, со конфискација на Гренланд, а тие добија дополнително значење поради застојот во односите предизвикан од одбивањето на Европа да ја поддржи американската војна во Иран.

Политичкиот пресврт во Берлин му даде на планот одлучувачки поттик. Со децении, Германија се спротивставуваше на француските повици за поголем европски одбранбен суверенитет, фаворизирајќи ја Америка како врвен гарант на безбедноста. Но, под канцеларот Фридрих Мерц, тоа се менува поради загриженоста за сигурноста на САД за време и по мандатот на Трамп, според извори запознаени со неговите ставови.

На крајот од минатата година, Мерц почна да ја преиспитува својата долгогодишна позиција, заклучувајќи дека Трамп е подготвен да ја напушти Украина. Според изворите, Мерц бил загрижен дека Трамп ги меша жртвата и агресорот во војната и дека американската политика во рамките на НАТО повеќе не е водена од јасни вредности.

Сепак, германскиот лидер не сакал јавно да го доведува во прашање алијансата, туку се залагал Европа да преземе поголема улога. Во идеално сценарио, САД би останале во алијансата, но голем дел од одбраната би им бил оставен на Европејците.

Европска иницијатива наместо американско поттикнување
Европејците сега се стремат да преземат повеќе од одговорностите што Трамп долго време ги бара, но клучната разлика е што тие го прават тоа по сопствена иницијатива, поттикнати од сè поотвореното непријателство на Трамп, а не од американско поттикнување. Во последните денови, Трамп ги нарече европските сојузници „кукавици“, а НАТО „хартиен тигар“, додавајќи, осврнувајќи се на рускиот претседател Владимир Путин, „и Путин го знае тоа“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна изјави дека алијансата ќе биде „повеќе предводена од Европа“.

Финскиот претседател Александар Стаб, еден од лидерите вклучени во планирањето, вели дека промените веќе се случуваат. „Префрлањето на товарот од САД кон Европа е во тек и ќе продолжи како дел од американската стратегија за одбрана и национална безбедност“, рече Стаб. „Најважно е да се разбере дека ова се случува и да се спроведе на многу контролиран и управлив начин, наместо САД само нагло да се повлечат“, додаде тој во разговорот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Објавено пред

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери заробени во подземни тунели.

Се верува дека многу од нив биле закопани по нападите на САД и Израел врз влезовите на тунелите, а сега се чини дека Иран се обидува да ги извлече, објави CNN.

Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, околу половина од ракетните лансери на Иран остануваат недопрени по еден месец борби.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Објавено пред

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му рекол дека не размислува за продолжување на прекинот на огнот (кој истекува следниот вторник), оценувајќи дека нема да има потреба од тоа. Тој најави дека претстојат возбудливи настани. „Мислам дека нè очекуваат два неверојатни дена“, рече тој. „Навистина сум убеден во тоа“.

На прашањето дали војната ќе заврши со договор или едноставно со објавување на уништување на воените капацитети на непријателот, Трамп одговори дека двата исхода се можни. „Може да заврши на кој било начин, но мислам дека договорот е подобра опција бидејќи им овозможува да се обноват“, објасни тој. „Тие навистина сега имаат поинаков режим. Во секој случај, ги отстранивме радикалите. Тие се заминати“, додаде тој.

Тој, исто така, изнесе тврдење за сопствената улога во глобалната политика. „Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше“, заклучи Трамп.

Трамп изјави за Фокс њуз дека војната со Иран е „многу блиску до завршување“, повторувајќи слични тврдења што ги даде во последните недели.

Во интервју за Фокс бизнис, кое треба да се емитува во среда, американскиот претседател исто така рече дека Техеран е „очаен“ да постигне договор. „Мислам дека е блиску до завршување. Да, мислам дека е, мислам дека е многу блиску до завршување“, изјави Трамп за Фокс.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава7 минути

Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

Дали некогаш сте размислувале колку нечистотија се насобрала во вашата машина за перење со текот на годините? Веројатно не сте...

Свет11 минути

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД...

Спорт13 минути

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот...

Свет21 минута

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери...

Свет22 минути

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му...

Свет28 минути

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од...

Европа31 минута

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја,...

Забава36 минути

(Фото) Пет пролетни парчиња без кои Италијанките не можат да живеат, за нив ова е основна

Италијанките имаат свои модни адути за секоја сезона, а во текстот дознајте кои парчиња се секогаш добредојдени во нивните пролетни...

Забава47 минути

Ова е судбоносен ден за три знака: Долговите исчезнуваат и доаѓа финансиска лавина

21 април е судбоносен ден кој носи огромни пари и успех за трите знаци на Зодијакот. Дали мислевте дека сè...