Контакт

Свет

Ердоган на средба со лидерите на Јапонија и Иран

Објавено пред

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган, одржа средби во Њујорк со лидерите на Јапонија и Иран.

Претседателите Шинзо Абе и Хасан Рухани зад затворени врати се сретнаа со Ердоган пред обраќањето на турскиот претседател на Генералното собрание на ОН.

Темата на годинешното заседание на Собранието е „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Лидерот на Турција во понеделникот се сретна и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Ердоган ќе престојува во Њујорк до среда.

Регион

ЕУ ќе основа Европска школа за шпиoни во Загреб

Објавено пред

Претставниците на 23 европски земји ќе потпишат во Загреб писмо со намери со кое ќе заврши проектот за основање Разузнавачки колеџ во Европа. Со тој документи ќе бидат утврдени целите на колеџот, неговата сфера на дејствување и неговото управување, пренесува хрватскиот портал „Еурактив“ на „Јутарњи лист“.

Идејата за основање колеџ ја покрена францускиот претседател Емануел Макрон со говорот на Сорбона во септември 2017 година, кога зборуваше за посилна Европа. Макрон тогаш изрази потреба за основање своевидна европска разузнавачка академија во која разузнавачките заедници на земјите членки на ЕУ дополнително ќе се зближуваат преку обуки, образование и размена.

Франција во март минатата година ги собра европските безбедносни и разузнавачки служби и тогаш почна работата за конципирање на Разузнавачкиот колеџ во Европа.

Учеството во Разузнавачкиот колеџ, што европските медиуми го нарекуваат „школа за шпиони“ е понудено на 30 држави (27 членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија), а досега 23 држави потврдиле дека ќе го потпишат писмото со намери – Франција, Германија, Италија, Хрватска, Холандија, Унгарија, Португалија, Аустрија, Белгија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Малта, Норвешка, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Проектот на Разузнавачкиот колеџ би требало да го води Грција со поддршка од Кипар, но концептот и колеџот ќе почнат со работа во Загреб.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Во Србија нема заразени со коронавирус

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија не постои коронавирус. Тој посочи дека е направен детален план во случај заразата да стигне и во Србија, објави „РТС“.

По состанокот во претседателството, Александар Вучиќ изјави дека разговарал со сите вклучени во превенцијата, но и со сите одговорни за решавање на проблемите доколку во Србија се појави коронавирус.

„Нема заразени со коронавирус во Србија. Ова го кажувам затоа што сме изложени на неверојатна кампања со лаги и невистини на социјалните мрежи – од тоа дека две лица починале на Клиниката за инфективни болести, до тоа дека луѓето шетаат во скафандери. Никој не починал и не само што нема жртви, туку нема ни позитивни на коронавирусот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се договорени мерки за превенција и мерки за итен одговор на сите надлежни органи во Србија во случај на коронавирус.

„Предвидовме сè до најмалите детали“, уверува Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Расте кризата во ОН поради неиздавањето американски визи за руски делегати

Објавено пред

САД продолжуваат да не издаваат визи за руските делегати кои планираат да учествуваат во настани на ОН или да работат во Руската мисија во Обединетите нации, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН, Генадиј Кузмин, на седницата на Комитетот на ОН за односи со земјата домаќин во вторникот, пренесува ТАСС.

„Кризата со неиздавањете визи за претставниците на земјите членки само расте. САД не им издаваат визи на руските делегати кои би требало да работат во руската мисија. Визите на дипломати кои веќе работат во мисијата не се продолжуваат. Руските граѓани кои биле избрани да работат во Секретаријатот на ОН не добиваат визи. Оваа политика, исто така, влијае и на другите земји“, вели Кузмин.

Претходно во февруари шефот на руската делегација на сесијата на Комисијата за разоружување на ОН, Константин Воронцов, не доби американска виза навреме, а седницата беше одложена за 10 дена.

„Денес не би сакале да продолжиме со бесмислени разговори туку би сакале да работиме на решавање на проблемот“, рече Кузмин.

„Прво сакам да го прашам американскиот претставник дали ќе бидат издадени бараните визи. Дали Константин Воронцов ќе добие виза како што требаше за да пристигне во ОН на 17 февруари, а седницата на Комисијата за разоружување беше одложена поради ова отсуство? Дали Воронцов ќе добие виза за да учествува на седницата на 28 февруари?“, праша тој.

Од почетокот на 74. седница на Генералното собрание на ОН на повеќе од 20 руски делегати не им се издадени визи за САД. Во декември 2019 година ГС на ОН ги повика САД навреме да издаваат визи за делегатите од неколку земји, вклучително и Русија, Иран и Венецуела.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет2 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија3 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион3 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион4 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа4 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава5 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија6 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија6 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија7 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт17 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија19 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија19 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија23 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија23 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие