Свет
Ердоган: Повеќе од 1.000 членови на Хамас се на лекување во Турција
Повеќе од 1.000 членови на Хамас во моментов се хоспитализирани во Турција на лекување, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврдувајќи дека „не го смета Хамас за терористичка организација“.
„Толку многу членови на Хамас се убиени. Целиот Запад ги напаѓа со секакви видови оружје и муниција“, рече шефот на турската држава додека им се обрати на новинарите заедно со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
„Да се нарече Хамас терористичка организација би било сурово“, рече тој, потсетувајќи дека Грција и Турција не се согласуваат за ова „многу важно“ прашање.
Ердоган го смета Хамас за движење на отпорот и рече дека е тажен поради ставот на Грција, кој го делат многу други западни земји, дека е терористичка организација.
„Се согласуваме да не се согласуваме“, рече Мицотакис. Минатиот месец Ердоган го прими политичкиот лидер на тоа исламистичко движење Исмаил Ханија.
Израел, САД и ЕУ го сметаат Хамас за терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

