Контакт

Регион

Ердоган рече „не“ за Голема Албанија

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, смета дека идејата за обединување на Албанија, Македонија и Косово во „голема Албанија“ е лоша и неприфатлива за Турција.

Ердоган вели дека неговата земја е поборник за почитувањето на суверенитетот и интегритетот на земјите на Балканот.

„Тоа се лоши работи. Ете, видете што се случува на Блискиот Исток, во Ирак, во Сирија. Не сакаме такви кризи да се случуваат на Балканот. Постојат некои луѓе кои се обидуваат да скројат такви планови за Балканот, но не смееме да им го дозволиме тоа. Ние заговараме почитување на суверенитот и интегритетот и тоа мора да се сфати.  Затоа такви игри не смеат да се играат во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија“, вели Ердоган во интервју за албанската мрежа „Топ Ченл“.

Турскиот претседател порача дека сите овие земји треба да го продолжат својот пат кон кој тргнале.

Тој додава дека различностите во секоја земја или општество мора да се препознаат и да се искористат како богатство и истакнал дека таквото сфаќање може да им помогне на Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и на другите земји кои имаат такво богатство.

Регион

ФБИ држи 10 Црногорци на брод со 16 тони кокаин

Објавено пред

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што, освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и другите морнари од Црна Гора.

Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамките на истрагата и од нив се земени ДНК-примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.

Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ, каде што се тврди дека од членовите на екипажот повеќето се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.

Според информациите на весникот, тие сè уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде што беа пронајдени десетици пакети со кокаин.

Прикажи повеќе...

Регион

За спиење на улица на Хвар казната изнесува 400 евра, а за пиење – 700 евра

Објавено пред

Одлуката на Градот Хвар да се обиде со брутално казнување да се запре проблематичното однесување на дел од гостите беше главна тема во последните години.

Фактот дека некои од гостите пијат, спијат и несоодветно се однесуваат на улиците, градските власти одлучија да го решат со воведување високи казни.

Така е и оваа година, пишува „Далмација денес“.

За спиење на јавен површина, ќе бидете казнети од комуналните службеници со 400 евра.

„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе од цената што ја плаќате во вашето сместување“, пишува на таблите.

„Главниот градски плоштад не е место за пикник“, вели друго известување, на кое се пречкртани луѓето што пијат. Казната е 400 евра.

„Алкохол? Не на јавни површини“, вели третиот плакат. Казната за пиење алкохол во јавност е 700 евра.
Текстот продолжува под рекламата:

„Градот е културен центар, а не плажа“, се вели во соопштението во кое се нагласува фактот дека е забрането да се оди во градот во костими за капење. Од своите гости велат дека очекуваат да бидат соодветно облечени. Инаку, ќе платат казна од 500 евра.

Прикажи повеќе...

Регион

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Објавено пред

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчењето на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на готовност за да се спречи евентуална ескалација на истокот од Медитеранот.

Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да реагира доколку Турција спроведе истражувања, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

„Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката морнарица бидејќи Турција ги користи истражувачките бродови за да го утврди своето присуство во регионот, но грчката авијација ќе игра улога во секој одговор“, пишува грчкиот весник.

Запрашан минатата недела дали Грција може да смета на поддршката на ЕУ или на САД во случај на инцидент, грчкиот министер за одбрана, Евангелос Апостолакис, рече дека нема такво ветување и дека ако треба да реагираат, очекуваат дека ќе бидат сами.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија5 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Свет6 часа

Момчињата што беа спасени од пештерата на Тајланд не смеат јавно да зборуваат за тоа

Помина една година откако младинскиот фудбалски тим со нивниот тренер влезе во туристичката пештера на Тајланд и остана заробен. Беа...

Македонија6 часа

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ9 часа

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион10 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион10 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион11 час

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет11 час

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија22 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ24 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион1 ден

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија1 ден

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија1 ден

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија1 ден

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија1 ден

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Досие