Свет
Ерменското Министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби
Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах и дека биле убиени речиси 200 азербејџански војници, а билансот на ерменската страна бил 17 убиени и над 100 ранети.
Претседателот на непризнаената репувлика Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население, Араик Харутијунјан, рече дека азербејџанската армија користела турски авиони „Ф-16“, кои биле во Азербејџан еден месец за воени вежби.
Тој додаде дека тоа покажува оти Азербејџан го користел најмодерното оружје со кое располага турската армија за време на нападот на Нагорно-Карабах.
Харутијунјан наведе дека за време на нападот биле убиени десетици ерменски војници, а биле убиени и цивили.
Борбите во Нагорно-Карабах траеја и во текот на ноќта, а продолжија и утринава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

