Свет
ЕУ будно ги следи преговорите на Турција и САД за безбедната зона во Сирија
Европската Унија ги следи разговорите помеѓу Турција и САД во врска со безбедната зона во Сирија на границата со Турција, соопштуваат од ЕУ.
„Секако дека ги следиме преговорите меѓу САД и Турција и се трудиме да разбереме подетаљно што би значело ова и што би донело“, изјави портпаролката за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Маја Коцијанчич.
Според Коцијанчич, ЕУ смета дека целта на овие преговори мора да биде избегнување ново вооружено насилство на североистокот од Сирија.
Портпаролката додава дека кое било одржливо решение за конфликтот во Сирија мора да има вистинска политичка транзиција во рамките на релевантната одлука на Советот за безбедност при Обединетите нации.
На 7 август оваа година Турција и САД се согласија да создадат безбедна зона во северна Сирија и да развијат мирен коридор како би се олеснило движењето на раселените Сиријци кои сакаат да се вратат во своите домови. Анкара и Вашингтон исто така се договорија да отворат центар за заеднички операции.
Овој договор предвидува и неопходни мерки за безбедност, како расчистување на зоната што беше користена од страна на терористичката група ПКК, со која САД еден период беа во коалиција и покрај противењето на Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

