Свет
Затворени амбасадите на 12 земји во Северна Кореја поради недостиг од продукти
Дипломатските мисии на 12 држави ја прекинаа работата во Северна Кореја, а целиот странски персонал на меѓународните хуманитарни организации ја напушти земјата поради предизвикувачката ситуација со недостигот од продукти и лекови, објави руската амбасада во Пјонгјанг на „Фејсбук“, пренесува ТАСС.
„Можеме да ги сфатиме оние што го напуштаат главниот град на Кореја зашто не секој може да ги толерира невидено строгите целосни ограничувања, масовен недостиг од основни добра, вклучувајќи лекови, и немањето можност за решавање на здравствените проблеми“, велат од Амбасадата.
Според изјавата, затворени се амбасадите на Велика Британија, Бразил, Германија, Италија, Нигерија, Пакистан, Полска, Чешка, Шведска, Швајцарија и на Франција, а замина и целиот странски персонал на меѓународните хуманитарни организации.
Само девет амбасадори и четворица привремени амбасадори ги претставуваат своите земји во моментот, а персоналот на повеќето амбасади што работат е сведен на минимум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

