Свет
Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава во своето видеообраќање испрати силна порака до своите сограѓани.
Обраќањето почна со важна вест, велејќи дека САД направиле значаен чекор во ослабувањето на Русија и дека агресијата и криминалот што го направиле ќе ги чинат. Зеленски изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден за одлуката да се забрани увозот на руска нафта и гас.
„Благодарен сум му на претседателот Бајден. Ова е најсилниот сигнал за цел свет. Едноставно е, секој денар платен на Русија се претвора во куршум или проектил испукан кон суверена држава“ – рече Зеленски.
Во описот на видеото на неговата официјална страница на Фејсбук, тој рече дека светот не верува во иднината на Русија.
„ Светот не верува во иднината на Русија, не зборува за тоа. Тие зборуваат за нас. Ни помагаат. Тие се подготвуваат да го поддржат нашето обновување. По војната. Затоа што сите видоа дека за луѓето кои толку херојски се бранат, ова ‘по војната’ сигурно ќе дојде“ – напиша Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

