Свет
Зеленски: Зошто сè уште има простор за руските терористи во Обединетите нации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги праша Обединетите нации (ОН) зошто му дозволиле на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, да присуствува на светската организација поради тековната инвазија на Украина, пишува „Скај њуз“.
За време на посетата на болницата во Њујорк, каде што се лекуваат украински војници, Зеленски рече дека светските лидери треба да сносат одговорност за таа одлука.
„За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и пораки“, рече Зеленски.
Подоцна денеска, украинскиот претседател ќе се обрати пред лидерите на Генералното собрание на ОН, а утре на седницата на Советот за безбедност на ОН ќе зборува за војната во Украина. Се очекува Лавров да има забелешки на седницата. Кога Зеленски беше прашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, тој рече: „Не знам како ќе биде, навистина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Амбасада на САД: Косово и Србија веднаш да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија ги осуди координираните насилни напади врз косовската полиција во близина на манастирот Бањска.
Амбасадата оцени дека неодамнешните насилни напади врз косовската полиција во близина на манастирот Бањска се неприфатливи.
Nedavni nasilni napadi na Kosovsku policiju kod manastira Banjska su neprihvatljivi. Pozivamo vlade Kosova i Srbije da se uzdrže od poteza kojima bi dodatno povećali tenzije i da se odmah vrate dijalogu pod okriljem EU. https://t.co/pdxJ0wGKoj
— Američka ambasada (@USEmbassySerbia) September 25, 2023
„Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од потези кои дополнително ќе ги зголемат тензиите и веднаш да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ“, соопшти американската амбасада на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.
Регион
(Видео) Неколку кајаци се превртеа кај Дубровник, спасени се 8 лица, се трага по уште тројца

Во тек е потрагата на море, надвор од Локрум, каде што се пронајдени неколку превртени кајаци без луѓе. Според првите, неофицијални информации, се трага по повеќе лица. Според неофицијални информации на дубровничкиот дневен весник, некои од туристите кои биле на екскурзија, меѓу кои и едно дете, се пронајдени, а по другите се уште трае потрагата.
Од морето биле спасени осум лица, меѓу кои и едно дете и биле пренесени на безбедно.
Познато е и дека се трага по уште тројца екскурзионисти, но бројот постојано се менува поради наводно сомнителна евиденција која се води за луѓе кои одат на патувања со кајак.
. Се дознава дека се спасени и двајца најверојатно, германски државјани, а четворица од нив се пронајдени во пештерата на Бета.
Околу 15:20 часот во полиција пристигнала пријава од граѓани кои тврдат дека забележале неколку превртени кајаци на отворено море.
Засега не се знае дали луѓето од кајаците исчезнале или пак нашле засолниште и се засолниле од невремето оставајќи ги кајаците зад себе. На терен трагаат припадници на полицијата и на Капетанијата на пристаништата, вработени во Локрум, како и дел од граѓаните кои запловиле со чамци.
Свет
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина

Американските тенкови Амбрас пристигнаа во Украина, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Добри вести од министерот за одбрана Умеров. Тенковите Абрамс веќе се во Украина и се подготвуваат да ги засилат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови од типот Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.
Украинскиот претседател минатата недела објави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.