Свет
Зеленски по средбата со Трамп: Чекам датум за потпишување на историскиот договор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос разговарале за прашања поврзани со противвоздушната одбрана, безбедносни гаранции и финансирање на обновата на Украина, вклучувајќи ја и областа Донбас.
Како што пренесе „Европска правда“, Зеленски појасни дека договорот за безбедносни гаранции е подготвен за потпишување и изрази надеж дека САД ќе реагираат позитивно.
„Сега чекам претседателот Трамп да предложи датум и место. Подготвени сме да го потпишеме овој документ, кој за нас е историски важен“, рече тој, додавајќи дека договорот ќе треба да биде ратификуван од Конгресот на САД и од украинската Врховна рада.
Во врска со финансиската помош, Зеленски спомена дека пакетот документи познат како „план за просперитет“ сè уште не е финализиран. „Важно е да се утврдат јасни и транспарентни извори на финансирање, затоа што токму тие ќе бидат темелот на обновата на Украина во наредните години“, истакна тој.
Тема на разговор била и областа Донбас. Според Зеленски, прашањето ќе продолжи да се разгледува во Абу Даби, каде што е најавена дискусија за ставовите на трите страни: Русија, Украина и САД.
Состанокот на Зеленски и Трамп се одржал вчера и траел околу 50 минути. Обата тима го оцениле како „добар“ и „многу добар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони: Европа ќе изгуби сè во конфликт со Америка
Италијанската премиерка Џорџија Мелони застана во одбрана на Доналд Трамп на состанокот со лидерите на Европската унија оваа недела, повикувајќи на претпазливост во односите со американскиот претседател, објави Политико.
Се наведува дека таа ги повикала политичарите да не го етикетираат Трамп како „луд или непредвидлив“ и рекла дека „Европа ќе изгуби сè во конфликт со Америка“. Коментарите доаѓаат во време кога Мелони е домаќин на германскиот канцелар Фридрих Мерц во Рим.
Тој им рече на новинарите дека би бил спремен да се придружи на иницијативата на американскиот претседател „Одбор за мир“ за Газа, но дека не може да го прифати планот во неговата сегашна форма.
Свет
Данска и НАТО ги продолжуваат воените вежби на Гренланд
Воените вежби што ги спроведуваат Данска и нејзините сојузници од НАТО во Гренланд ќе продолжат во 2026 година, потврди данското Министерство за одбрана. Операцијата, која има за цел да ја зајакне безбедноста во регионот контролиран од Данска, беше започната претходно овој месец поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот, што резултираше со распоредување на воен персонал од неколку европски земји во арктичкиот регион.
Според данското Министерство за одбрана, вежбите ќе продолжат во наредните недели. Во соопштението се додава дека и други членки на НАТО изразиле интерес за распоредување извидувачки тимови во Гренланд, а нивното пристигнување се очекува подоцна оваа година.
Испраќањето војници во други земји-членки за обука е вообичаена практика во рамките на НАТО, а сојузниците, вклучувајќи ги и САД, со години се залагаат за зајакнување на заедничките вежби во близина на Арктичкиот круг. САД имаат околу 150 војници стационирани во нивната вселенска база Питуфик во северозападен Гренланд.
Свет
Мерц: Подготвени сме за Одборот за мир на Трамп за Газа, но не во оваа форма
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во петокот дека би бил спремен да се придружи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, но дека не може да го прифати планот во неговата сегашна форма.
„Во формата во која е поставен сегашниот Одбор за мир, не можеме да ги прифатиме неговите управувачки структури од уставни причини“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
„Сепак, секако дека сме подготвени да истражиме други форми, нови форми на соработка со Соединетите Американски Држави ако целта е да се најдат нови формати што ќе нè доближат до мирот во различни региони во светот“, додаде тој.
Мерц нагласи дека ваквите формати не треба да бидат ограничени само на Газа и Блискиот Исток, туку би можеле да се применат и во Украина, рече тој.

