Контакт

Свет

Зеленски со закон го укина пратеничкиот имунитет

Објавено пред

Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша закон со кој на пратениците им се укинува пратеничкиот имунитет, информира веб-страницата на украинскиот парламент.

Предлог-законот за изменување и дополнување на ;лен 80 од украинскиот Устав за имунитет на украинските пратеници беше вратен со потпис на претседателот, се вели во извештајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција: 14 илегални мигранти повредени во несреќа

Објавено пред

Четиринаесет лица се повредени во несреќа кога возачот на автомобил изгубил контрола над воланот, соопшти полицијата.

Автомобилот, наjверојатно, тајно влегол во земјата и ги превезувал Сиријците преку стариот автопат во северна Грција до Солун, кога полицијата ги забележала и се обидела да ги запре околу 2 часот наутро, пренесува АП.

Возачот не запрел и во еден момент изгубил контрола над воланот.

Во возилото, сите патници биле сириски државјани – 11 мажи, една жена и двајца тинејџери, од кои осум биле згрижени и пуштени, а шестмина задржани во локалната болница, вклучувајќи го и возачот.

Прикажи повеќе...

Свет

Болница во Хонг Конг погодена од импровизирана бомба

Објавено пред

Мала, импровизирана бомба поттикна евакуација и привремено ја наруши работата во една болница во Хонг Конг еден ден откако маскирани демонстранти ја запалија предложената област за карантин за можни жртви на корона вирусот, пренесува РТ.

Експлозивната направа била скриена во шкаф во тоалет во медицинскиот центар „Каритас“ и експлодирала рано утрово. Евакуирани биле околу 20 пациенти, по што специјална полициска екипа го прегледа местото на настанот.

Никој не е повреден во експлозијата.

„По експлозијата имало силен, бел чад и мал пожар“, вели главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи, додавајќи дека бомбата не била многу моќна и не предизвикала голема штета.

Не е јасно кој стои зад експлозијата.

Во неделата, маскирани антивладини демонстранти фрлија молотов коктел кон празна јавна зграда, во која властите планираа да ги организираат карантин за луѓето зарзени со смртоносниот корона вирус, кој во моментот беснее во Кина.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Риболовци тврдат дека го снимиле 18-метарското езерско чудовиште Огопого во Канада

Објавено пред

Татко и син кои биле на риболов веруваат дека го снимиле митското езерско чудовиште наречено Огопого, кое, според легендата, живее во мрачните длабочини на прекрасното езеро Оканаган во Канада, пренесува РТ.

Приказните за необичното суштество во езерото во Британска Колумбија датираат уште од 19 век, но досега не се откриени никакви конкретни докази.

Блејк Недорф верува дека тој и неговиот татко конечно пронашле таков доказ додека ловеле риба од пристаништето во градот Келоуна. Недорф снимил видео на кое се појавува многу долга змија, која плива низ сините води на езерото.

На видеото може да се слушне како таткото и синот реагираат додека ја гледаат сцената пред своите очи. Тинејџерот вели дека суштеството што го видел било долго најмалку 18 метри и може да се види како се лизга низ водата. Тој ги поставил снимките на „Јутјуб“ на почетокот од месецов иако ги снимил на 10 јули 2018 година.

Интересно е што уште неколкумина пријавиле дека го виделе чудовиштето во месеците по снимањето на видеото. Во септември жителот на Келоуна, Дејвид Халбауер, верува дека го снимил легендарното животно додека уживал покрај езерото со семејството.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 час

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет3 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет1 ден

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Досие