Свет
Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина
Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да ѝ помогнат на Украина да ги исполни своите тековни финансиски потреби, се вели во нацрт-коминикето, што денеска го разгледа „Ројтерс“.
Мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари помош пред состанокот во Петерсберг за да ѝ помогнеме на Украина да го премости финансискиот јаз и да продолжи да обезбедува основни услуги за граѓаните, велат министрите за финансии и банкарите од Г7 во нацрт-документот.
Мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари помош пред состанокот во Петерсберг, велат министрите за финансии и банкарите од Г7 во нацрт-документот, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници
Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија за „создавање зависност во мозоците на децата“ кои ги користат нивните платформи.
Механизмот забележан на Инстаграм (Мета) и Јутјуб (Гугл) не се случил „случајно, туку намерно“, нагласи Марк Ланиер во своето воведно излагање, „бидејќи зависноста е профитабилна“.
Исходот од сослушувањата би можел да постави значаен преседан за граѓанската одговорност на операторите на социјалните медиуми кои досега беа изземени. Се очекува да следат десетици случаи во наредните месеци.
Меѓу другите, извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, ќе биде повикан да сведочи на 18 февруари, а шефот на „Инстаграм“ (подружница на „Мета“) Адам Мосери веќе во среда.
Во отсуство на „ТикТок“ и „Снепчет“, кои претпочитаа да се задоволат со доверлив износ, само „Јутјуб“ (подружница на „Гугл“) и „Мета“, технолошкиот гигант зад „Инстаграм“, се на обвинителната клупа во судењето, кое се очекува да трае повеќе од еден месец.
Случајот на 20-годишна девојка од Калифорнија
Дванаесет поротници, потврдени во петок по повеќе од една недела педантен избор, мора да одлучат за тужбата поднесена од 20-годишната Калифорнијка Кејли Г. М.
Нејзиниот случај е оценет како доволно репрезентативен за да послужи како тест случај чиј исход ќе постави стандард за стотици слични тужби консолидирани во Калифорнија.
Младата жена, корисничка на YouTube од шестгодишна возраст, а потоа сопственичка на Instagram сметка од 11-годишна возраст, пред Snapchat и TikTok, кои почнала да ги користи две до три години подоцна, тврди дека развила тешка зависност од социјалните медиуми што ја влечела во спирала на депресија, анксиозност и нарушувања на самосликата.
Свет
(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви
Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при што загинале две лица, објави Ројтерс. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со ова соопштение потврди продолжување на кампањата насочена кон запирање на протокот на дрога во САД.
On Feb. 9, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known narco-trafficking… pic.twitter.com/fa5vppjcCy
— U.S. Southern Command (@Southcom) February 10, 2026
Помош од Еквадор
Според американската администрација, овој нападнат брод бил вклучен и во шверц со дрога. Во соопштението се додава дека американската војска имала и техничка поддршка од еквадорскиот центар за координација на поморското спасување.
До крајот на минатата година, американската војска убила речиси стотина луѓе кои, според нив, шверцувале дрога преку водни патишта, додека нападите врз бродови донекаде се намалиле во 2026 година.
Свет
Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.
Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.
Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.

