Свет
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди најголемиот активен вулкан во светот
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди најголемиот активен вулкан во светот – Мауна Лу на Големиот остров на Хаваите – вчера, исфрли предмети од полиците во блискиот град, но нема извештаи за сериозна штета, јавува NBC News.
Епицентарот на земјотресот бил во центарот на јужната падина на Мауна Лоа, на длабочина од 37 километри и два километри оддалечен од Пахала. “Имаше многу тресење. Сите прозорци во селото се тресеа”, рече Дерек Нелсон, менаџер на ресторанот Kona Canoe Club во заедницата Кона, на западната страна на островот.
Вулканот Мауна Лоа последен пат еруптираше на крајот на 2022 година. Тој е еден од петте вулкани што го сочинуваат Големиот остров. Земјотресите на Хаваите можат да се случат поради повеќе причини, но хавајската опсерваторија за вулкани наведува дека овој најверојатно е предизвикан од тежината на самите Хавајски острови, кои ја напрегаат и „свиткуваат“ Земјината кора и горната обвивка.
Овој тип на земјотреси обично се случува на неколку десетици километри под површината на земјата, додека епицентарот на оние кои предизвикуваат движење на магмата е поблиску до површината. Огромното мнозинство на земјотреси на Хаваи се случуваат на и околу Големиот остров. Околу еднаш секоја година и половина, Хаваи ги погодува земјотрес со јачина од 5 степени или поголем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

