Свет
Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Кина
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди денеска југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.
Земјотресот ја погоди областа Лушан во близина на градот Јаан во 17 часот по локално време (11 по средноевропско) и е регистриран на длабочина од 17 километри, објави државната телевизија повикувајќи се на податоци од центарот за земјотреси во Кина.
Епицентарот на земјотресот бил на 113 километри од главниот град на Сечуан, Ченгду. Засега нема извештаи за жртви. Градот Јаан во 2013 година беше погоден од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од сто луѓе, а илјадници беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

