Свет
Извлечен првиот добитник на милион долари на лотаријата за вакцинирани во Охајо
Првиот добитник на милион долари на лотарија, со која Охајо ги наградува граѓаните што се вакцинирани против коронавирусот, е Абигејл Бугенски од предградиeто на Синсинати, објавија официјалните лица на американската федерална држава.
Првиот добитник на целосната школарина за јавниот универзитет во Охајо е тинејџерот Џозеф Костело од областа Дејтон, пренесува Би-би-си.
За наградата се пријавиле повеќе од 2,7 милиона возрасни, а за школарината повеќе од 104.000 деца на возраст од 12 до 17 години.
Иницијативата наречена „Вакс-а-милион“ беше поведена во средината на овој месец со цел да се надмине слабиот одѕив на вакцинацијата, што претставува проблем во САД.
A woman who lives near Cincinnati has won Ohio’s first $1 million Vax-a-Million vaccination incentive prize. She was picked in a random drawing in the contest, which was designed to boost lagging vaccination rates. https://t.co/FzlyXiVqI4
— The Associated Press (@AP) May 27, 2021
Кабинетот на гувернерот на Охајо, Мајк де Вејн, соопшти дека вакцинирањето од 14 до 19 мај во споредба со неделата од 7 до 12 мај е зголемено 94 проценти кај популацијата на тинејџери на возраст од 16 и 17 години, 46 проценти кај оние на возраст од 18 и 19 години и 55 проценти кај луѓето на возраст меѓу 20 и 49 години.
Гувернерот претходно најави дека добитниците на наградата ќе се извлекуваат еднаш неделно.
Само возрасни граѓани може да учествуваат во трката за еден милион долари, а лицата на возраст под 18 години ќе имаат шанса да освојат целосна школарина за јавниот универзитет во Охајо.
Де Вин рече дека наградите ќе бидат исплатени од средствата за борба против коронавирус на федералната влада.
Во САД, која е водечка земја во светот според бројот на вакцинирани, барем една доза од вакцината примиле 58,7 милиони луѓе, а во Охајо тој процент е 42 процента.
Претседателот Џо Бајден претходно изјави дека целта на неговата администрација е да вакцинира 70 проценти од возрасните до 4 јули, Денот на независноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

