Свет
Израелската армија нареди евакуација во хуманитарната зона во Газа
Војската на Израел денеска нареди нова евакуација во јужниот и централниот дел на Појасот Газа, кои претходно беа означени како хуманитарна безбедна зона велејќи дека Хамас ги користи овие области како база за да лансира минофрлачи и ракети врз Израел.
СМС-пораки и предупредувачки летоци биле испратени до областите северно од градот Кан Јунис и во источниот дел на градот Деир ал-Балах, каде што десетици илјади луѓе побарале засолниште од борбите во други делови на Газа.
„Однапред е издадено предупредување до цивилите за да се ублажи штетата врз цивилното население и да им се овозможи на цивилите да се оддалечат од борбената зона“, се вели во соопштението на армијата.
Војската претходно соопшти дека ја погодила областа во Кан Јунис, од каде што во четвртокот биле лансирани ракети врз заедницата Кисуфим и таму открила ракетно оружје и експлозиви.
Последните предупредувања за евакуација дојдоа додека преговарачите треба да се сретнат во Доха на вториот ден од разговорите, со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските и странските заложници.
Повеќето од 2,3 милиона жители на Газа повеќепати се раселуваат од почетокот на израелската офанзива во Газа почната по нападот на Израел на 7 октомври, предводен од Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам, пренесе агенцијата „Белта“.
Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.
Како што се наведува, 17 помилувани се со хронични заболувања, еден е инвалид, девет се на возраст над 50 години, а 17 имаат деца.
Свет
Итно хоспитализиран: шефот на Светската здравствена организација заврши во болница
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, е хоспитализиран во болницата „Самаритано Бар да Тијука“ во Рио де Жанеиро, пренесува локалниот весник „О Глобо“. Тедрос побарал лекарска помош поради симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза откога покажал знаци на болест за време на самитот на Г20.
Лавиринтитис е воспаление на лавиринтот, системот исполнет со течност во внатрешното уво, а вестибуларниот невритис е воспаление на вестибуларниот нерв. И двете состојби вклучуваат воспаление на внатрешното уво, каде што лавиринтите, кои го содржат вестибуларниот систем, откриваат промени во положбата на главата или движењето на главата.
Тедрос побарал лекарска помош откога почнал да покажува знаци на овие здравствени проблеми за време на самитот на Г20.
Хипертензивната криза е итна, често опасна за живот состојба, придружена со симптоми и знаци на акутно оштетување на срцето, мозокот, бубрезите или очите. Во основата на нарушувањето е тешката малигна (забрзана) хипертензија предизвикана од ненадејно критично зголемување на крвниот притисок над 180/110 mm Hg.
Свет
Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити
Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички возила со шиитски муслимани беа нападнати во северозападен Пакистан.
Нападот се случи во областа Курам во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, каде што во последните месеци се водат судири меѓу сунитското мнозинство и шиитското малцинство, при што во некои инциденти загинаа десетици луѓе, пренесе АП.
Претставникот на локалната полиција ,Нусрат Хусаин, рече дека возилата со патници патувале од Парачинар кон Пешавар кога отвориле оган.