Свет
Израел: Вакцината на „Фајзер“ е 94 проценти ефикасна против коронавирусот

Податоците од Израелската програма за вакцинација покажуваат дека вакцината на „Фајзер“ спречува 94 проценти од симптоматските инфекции предизвикани од коронавирусот, што потврдува дека вакцината е еднакво ефикасна во масовна употреба кај граѓаните од сите возрасти, како што беше за време на клиничките испитувања, соопштија од израелскиот здравствен фонд „Клалит“.
Споредбената анализа спроведена од најголемиот израелски здравствен фонд за 600.000 вакцинирани и ист број невакцинирани граѓани покажа дека 94 проценти од вакцинираните се заштитени од вирусот и дека вакцината речиси целосно спречува тешки случаи на Ковид-19, пренесува Би-би-си.
„Клучно е членовите на најранливите групи да бидат заштитени што е можно повеќе“, рече израелскиот професор Хагај Левин, пренесува британскиот јавен сервис.
Овие податоци сè уште не се објавени, но професорот Левин сугерира дека тие испраќаат порака до други земји, како Велика Британија, за корисноста на вакцинацијата и потребата да се имунизираат во голем број оние групи што се подложни на тешки форми на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.