Контакт

Свет

Израел воведува ковид-беџови, само ревакцинираните може да одат во ресторани и на концерти

Објавено пред

Повеќе од четири милиони вакцинирани Израелци може да носат ковид-значка за да може да јадат во ресторани, да одат на концерти или во спортски сали.

„Тајмс оф Израел“ известува дека светскиот шампион во имунизација против Ковид-19 почнал контроверзен проект со беџови, со кој се обезбедува пристап до спортски сали, ресторани и концерти.

Со висок процент на вакцинирано население властите планираат од недела постепено отворање на спортските сали, музеите, трговските центри, рестораните и кафулињата, но тоа нема да важи за сите.

Виолетовите беџови ќе значат дека луѓето или не примиле вакцина или примиле една доза, а зелените дека луѓето примиле втора доза или прележале Ковид-19.

„Одиме напред со одговорни мерки од типот ‘ако сте ревакцинирани, можете да влезете’“, рече министерот за одбрана, Бени Ганц, за новите мерки, што според „Тајмс оф Израел“ е тешко да се спроведат во компаниите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Прогласена вонредна состојба во три грчки региони поради неодамнешните земјотреси

Објавено пред

Вонредна состојба е прогласена во три грчки региони, во централниот дел на Грција пренесуваат, грчките медиуми.

Регионите на Тирнавос, Потамија и Фаркадона, поради неодамнешните земјотреси, се под вонредната состојба која, според тамошните агенции, ќе биде во сила шест месеци од денот на настанувањето на земјотресот, односно до 3 септември.

Вонредната состојба е воведена по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардалиас.

Грчките весници пренесуваат дека вонредната состојба ќе им овозможи на жителите и општинските власти да имаат право на човечка помош и финансирање за реконструкција на штета на стотици домови и компании, како и делови од мрежата за патишта и водоснабдување.

Пред два дена централниот дел на Грција беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 6,3 и 5,9 степени.

Прикажи повеќе...

Регион

Eвакуирано средно училиште во Хрватска, момче влегло со закана за бомба

Објавено пред

Паника во Хрватска откако средно училиште било евакуирано поради дојава за бомба, јавуваат хрватските медиуми.

Според нив, младо момче околу 12 часот влегло во средното стручно училиште „Сисак“ со закана за поставена бомба.

Според непотврдени информации на хрватските медиуми, станува збор за помлад човек, син на воен ветеран кој го барал жупанот Иво Шиниќ.

Училиштето било евакуирано, а младиот човек кој се заканувал се забарикадирал во него. По драмата што  траела околу еден час, младото момче и се предало на полицијата.

По заканата, полицијата го опколила училиштето, а на лице место излегол министерот за одбрана, Томо Медвед.

На местото на настанот бил испратен и преговарач од антитерористички оддел .

Директорот на стручното училиште во Сисак, Ивица Белоглавец, за локалните медиуми изјави дека поради новонастанатата ситуација нема да има смена на пладне.

Хрватските медиуми потсетуваат дека слична драма се одвиваше и во Загреб, каде што една жена се закануваше со бомби во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и биење на камбаните

Објавено пред

Црковните ѕвона одекнаа денес напладне во Швајцарија, а насобраните со едноминутно молчење одбележаа една година од првиот смртен случај од коронавирус во земјата.

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин ги повика граѓаните да им оддадат почит на повеќе од 9.300 лица што починаа од Ковид-19 во Швајцарија, објави „Ројтерс“.

Во катедралата „Нотр Дам“ во Лозана, во француското говорно подрачје, чуварот Ренато Хосл ја биеше камбаната „Ла Клеменс“ од 16 век.

Во април, кога избувна пандемијата, Хосл продолжил да се искачува по 153 камени скали до својата кула за да ја бие ноќе во знак на поддршка на граѓаните за нивната солидарност и храброст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија1 час

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија4 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија4 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија5 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ6 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ6 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион6 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа7 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет7 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија7 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион7 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет8 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа8 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет8 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет20 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија21 час

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет22 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие