Свет
Израел не е поканет на мировната церемонија во Нагасаки, Палестина е
Градот Нагасаки во југозападна Јапонија не го покани Израел на мировната церемонија што ја организира секоја година на 9 август во чест на жртвите од атомското бомбардирање на градот во 1945 година.
„Го стопиравме писмото со покана до израелскиот амбасадор во Јапонија“, рече градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, на прес-конференција.
Наместо тоа, Градот му испрати писмо „во кое повикува на итен прекин на огнот“ во Појасот Газа, палестинска територија под опсада и напади речиси осум месеци.
Сузуки го оправдува изостанувањето на повикот до Израел и со желбата да се избегнат можни инциденти за време на церемонијата поради критичната хуманитарна ситуација во Газа и тензиите што ги предизвикува во многу земји.
Нагасаки, пак, како и секоја година, го покани претставникот на Палестина во Јапонија, изјавија за „Франс прес“. Амбасадата на Израел во Токио сè уште не одговорила.
На 9 август 1945 година, три дена по првото атомско бомбардирање во историјата, на градот Хирошима, Нагасаки ја доживеа истата судбина, со речиси 74.000 жртви на самото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

