Свет
Израел ја прими првата пратка од вакцината против коронавирусот на „Фајзер“

Израел ја прими првата пратка oд вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ еден ден порано од најавеното, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бајонтек“ минатиот месец се согласија да му дадат на Израел 8 милиони дози вакцина, која прва ја примени Велика Британија.
Израелскиот министер за разузнавање, Ели Коен, претходно оваа недела рече дека првата серија вакцини ќе пристигне во Израел в четврток за да се вакцинираат најнапред старите лица и ризичната популација.
Израелските медиуми објавија дека пратката што пристигна денес ќе биде мала и ќе се користи за пробно тестирање на постапките за транспорт и складирање, а поголема серија, што содржи 110.000 дози, ќе пристигне в четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поради недостаток од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Тој исто така изјави дека цело болничко крило со пациенти починало откако тие останале без кислород за дишење, пренесува „Гардијан“.
Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.
Манаус, најголемиот град во државата Амазон, беше едно од местата најмногу погодени од првиот бран на епидемијата во април минатата година, каде властите биле принудени да копаат масовни гробници за мртвите, тврди британскиот весник.
„Ние сме во состојба на екстремна катастрофа… како земја која изгубила во војна“, рече тогаш Лима.
Според „Гардијан“, на 22 декември имало 39 погреби во целиот град Манаус, додека во средата, е соборен нов рекорд четврти ден по ред, со 198 погреби.
Во саботата имало 130 погреби, 144 во неделата, 150 во понеделник и 166 во вторник, додава лондонскиот весник.
„Овие бројки покажуваат кристално јасно дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19 што е дури и поголема од онаа од првиот бран“, рече Лима.
Извештаите во бразилските медиуми од четвртокот велат дека неколку јавни болници останале целосно без кислород.
Свет
Во Кина најголем број новозаболени од 1 март досега

Официјални лица во Кина објавија најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, а поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.
Вкупно 144 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, што е најголема дневна бројка откако 202 случаи се забележани на 1 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.
Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.
Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.
Вкупниот број на потврдени случаи на ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.
Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа скоро два милиони луѓе ширум светот.
Делегацијата на СЗО, која доцнеше со доаќањето поради одбивањето на Пекинг да им дозволи влез во земјата, вчера се соочи и со проблем, бидејќи двајца членови на тимот беа запрени во Сингапур, откако тестовите покажаа дека имаат антитела, додека останатите од делегацијата беа ставени во карантин во Вухан, каде што ќе престојуваат две недели, по што ќе започне истражувањето.
Свет
(Видео) Автобус виси на надвозник во Њујорк

Најмалку осум лица се повредени во несреќа во Њујорк кога автобус слета од надвозник во Бронкс.
BREAKING: A city bus crashed on the Alexander Hamilton bridge in the Bronx and is hanging off the overpass. 12 people have been reported as Injured #Bronx #AlexanderHamiltonBridge pic.twitter.com/9hZGGjsPOG
— Adelle (@AdelleNaz) January 15, 2021
Сите повредени биле патници на автобусот и биле пренесени во болница, пренесува „Гардијан“.
Horrible accident on Washington Bridge (Which connects 181st in Manhattan to the Bronx. This is not the GWB.)
Tandem bus dangling off edge. Emergency services have closed off the entire area. https://t.co/nOCK9VpNvL
— Mark D. Levine (@MarkLevineNYC) January 15, 2021
Службите за итни случаи ја затворија целата област поради инцидентот.
FDNY units are on scene of a motor vehicle accident at University Ave and the Cross Bronx Expressway in the Bronx where a tandem bus has crashed through the barriers and is hanging off the overpass onto the roadway below. There are nine civilian injuries reported at this time. pic.twitter.com/00YQ897hhs
— FDNY (@FDNY) January 15, 2021
Снимките од автобусот на социјалните мрежи покажуваат како тој се одвоил, при што предниот дел паднал од надвозникот, додека задниот дел останал на горниот дел од патот.
Не е јасно колку патници имало во автобусот за време на несреќата.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира