Свет
Изчезнаа 178 патници од потонат траект во Индонезија

Најмалку 178 лица се водат како исчезнати кога потона траeкт со кој се превезувале на езерото Тоба на индонезискиот остров Суматра. Роднините на исчезнатите побараа надлежните да вложат повеќе напори во спасувачката операција и ги критикуваа властите во Индонезија поради немањето основни мерки на безбедност кога се во прашање бродовите.
Дрвениот траект бил преполн со патници, како и со десетина мотоцикли, немал попис на товарот, а надлежните неколкупати поинаку информираа за бројот на патници што се превезувале. Само 18-мина преживеани се пронајдени во невремето неколку часа по потонувањето на траектот. Нуркачите го пребаруваат езерото на длабочина од 25 метри, а се најавува и дека ќе се искористи и подводен дрон. Езерото Тоба е од вулканско потекло во северниот дел на островот Суматра и е популарна туристичка дестинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин