Контакт

Свет

Маск ќе испрати сателит на Месечината платен со криптовалута

Објавено пред

Американската компанија „Спејс икс“ ќе лансира сателит во орбитата на Месечината во 2022 година, кој целосно е платен со криптовалутата доџкоин, објави на „Твитер“ шефот на компанијата, Илон Маск.

„Следната година ‘Спејс икс’ кон Месечината ќе го лансира сателитот ‘Доџ-1’, платен со криптовалутата доџкоин“, напиша Маск.

На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (ГЕЦ), која е сопственик на сателитот, се забележува дека тој ќе биде лансиран во првото тримесечје од 2022 година со помош на ракетата на носачот „Фалкон 9“. Тој ќе собира податоци за Месечината со помош на сензор и камери. Компанијата ќе го испрати сателитот користејќи програма за лансирање на комерцијални летала понудена од „Спејс икс“.

„Користејќи доџкоин во договор од вакви размери, Геометриската енергетска корпорација и ‘Спејс икс’ го зацврстија доџкоинот како валута за деловно работење на Месечината“, се вели во соопштението на ГЕЦ.

„Оваа мисија ќе демонстрира примена на криптовалути надвор од орбитата на Земјата и ќе ги постави темелите за меѓупланетарна трговија“, рече потпретседателот за комерцијални операции на „Спејс икс“, Том Очинеро.

Маск на почетокот на април објави на „Твитер“ дека „Спејс икс“ ќе испрати доџкоин на Месечината, но не објасни на што точно мислел. По објавувањето, вредноста на криптовалутата се зголеми 30 проценти. Во неделата среде веста за испраќање сателит платен со доџкоин валутата порасна на 0,58 долари за единица за разлика од 0,50 долари претходната вечер.

 

Регион

Словенија утре прогласува крај на епидемијата, но некои мерки ќе останат

Објавено пред

Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани само 24 инфекции со коронавирус, а сите други индикатори се многу поволни, така што владата нема да ја продолжи состојбата на епидемија, која завршува на 15 јуни.

Од 1.023 ПЦР тестови потврдени се 24 заразени или 2,3 проценти. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден падна на 147, а двонеделната инциденца на 100.000 жители падна на 130.

Починале двајца пациенти со Ковид-19, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата, починале 4.406 лица заразени со коронавирус, во болниците се 134 пациенти, а 26,1 процент од населението е целосно имунизирано со вакцини, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Владата најави дека по 15 јуни да ја продолжува состојбата на епидемија прогласена во вториот бран на 18 октомври, но некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила.

Во преодната фаза, додека Словенија не влезе во т.н. зелена фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (EЦДЦ), што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маска и натаму ќе биде задолжително во затворен простор.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а условите за присуство на концерти и други настани сè уште ќе бидат негативен тест за коронавирус, прележан Ковид-19 или целосна вакцинација.

Владата го повтори својот апел до оние кои сè уште не одлучиле да се вакцинираат да го сторат тоа што е можно поскоро, бидејќи сега има доволно вакцини, а оваа недела ќе биде организирана и масовна вакцинација.

Прикажи повеќе...

Свет

СИПРИ: 2.000 нуклеарни оружја се на готовност низ целиот свет, поголем дел се на САД и Русија

Објавено пред

Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм апелираше да не се интензивира трката за вооружување меѓу нуклеарните сили. Институтот тврди дека ова може да ја прекине тенденцијата за намалување на нуклеарниот арсенал.

Според експертите, оваа тенденција ја зголемува веројатноста дека некоја земја ќе користи нуклеарно оружје во војна.

„ Од крајот на Студената војна, светскиот нуклеарен арсенал се намалуваше. Но, се чини дека тој тренд е запрен“ се заклучува во извештајот на СИПРИ.

Главните заклучоци се дека повеќе нуклеарни боеви глави се распоредени во операциите, и покрај општото намалување на бројот на боеви глави регистрирани до 2020 година.

„ Ова е значаен нов тренд, на кој сите земји треба да гледаат како на предупредување: навистина мора да се пазиме од враќање на некаква трка во вооружување меѓу нуклеарните сили“, изјави истражувачот на СИПРИ, Ханс Кристенсен, за шведската национална радио и телевизиска станица СВТ.

Помеѓу 2020 и 2021 година, бројот на боеви глави во воените нуклеарни залихи се зголемил за околу 300. Станува збор за нуклеарно оружје распоредено во оперативни единици и во воени складишта.

Околу 2.000 нуклеарни оружја во моментов се во состојба на готовност низ целиот свет, од кои повеќето се руски и американски, според СИПРИ.

Како што се наведува, зголемувањето е извршено главно со распоредување копнени интерконтинентални балистички ракети и подморнички балистички ракети.

Сепак, другите седум држави со нуклеарно оружје исто така развиваат или распоредуваат нови системи за оружје или најавија дека ќе го сторат тоа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бродови на НАТО запловија во Црното море, вооружени со ракети

Објавено пред

Два воени брода на НАТО вооружени со водени ракети влегоа денесКа во Црното Море, и тие се следат од силите на руската Црноморска флота.

Оваа информација ја објави Националниот центар за контрола на одбраната на руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека силите на Црноморската флота започнале да ги контролираат акциите на британскиот разурнувач „Дефендер“ и холандската фрегата „Евертон“, пренесува РИА Новости.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија58 минути

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија2 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион2 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија2 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија4 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет4 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија5 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт17 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт17 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт17 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Досие