Свет
Илјадници на улиците на Тел Авив бараат ослободување на 115 заложници
Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив и други израелски градови барајќи ослободување на 115 заложници кои ги држеше палестинското исламистичко движење Хамас, објави синоќа весникот Хаарец.
Говорникот на митингот, чиј вујко беше киднапиран, рече дека воениот притисок врз Хамас ќе доведе до смрт на повеќе заложници. Мајката на вториот киднапиран ја повика толпата: „Ова е нашата последна шанса да постигнеме договор што спасува животи“.
Протести се одржани и во Ерусалим, Хаифа, Бершеба и Цезареја пред приватната вила на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавуваат медиумите.
Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници во израелските затвори траат со месеци.
Посредуваат САД, Египет и Катар. Американските претставници неодамна зборуваа за одредена конвергенција на позициите.
Во четврток за прв пат по подолг период се одржува уште една рунда преговори на која се очекуваат и претставници на Израел и на Хамас, иако не седат на иста маса.
Минатиот октомври, силите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел од Појасот Газа, убивајќи повеќе од 1.200 луѓе и киднапирајќи уште 250. Невидениот масакр предизвика војна во Газа во која загинаа речиси 40.000 Палестинци.
За време на краткотрајното примирје беа ослободени повеќе од 100 заложници, меѓу кои првенствено имаше жени и постари лица. Според израелските податоци, Хамас сè уште држи 115 заложници, од кои многумина можеби веќе не се живи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Министерот за одбрана на Израел: Времето за договор со Хезболах истекува
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска изјави дека истекува времето за договор со Хезболах за запирање на судирите по должината на израелско-либанската граница.
Во разговор со својот американски колега Лојд Остин, Галант истакна дека можностите за договор во северната арена се при крај бидејќи Хезболах продолжува да се здружува со Хамас“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Галант исто така му рекол на американскиот секретар за одбрана дека какво и да е сценариото, израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат со цел да го уништат Хамас и да обезбедат враќање на заложниците што ги држи Хамас во Газа.
Хезболах почна да лансира ракети и беспилотни летала во северен Израел по избувнувањето на конфликтот во Газа по нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври минатата година.
Свет
Од денеска контроли за влез во Германија: воведени нови мерки на граничните премини со пет земји
Поради преоптовареност на системот за прифаќање баратели на азил, Германија од денеска воведува контроли на сите државни граници, кои ќе траат најмалку шест месеци.
Новата регулатива се однесува на премините кон Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција, пренесува „Дојче веле“.
Почнувајќи од денеска, германската федерална полиција не само што ќе ги контролира патниците на источната и јужната копнена граница туку и на северната и западната граница, најмалку шест месеци.
Германија овој чекор го оправда со големиот број мигранти, кои илегално влегуваат во земјата, и со преоптоварувањето на системот за прифаќање бегалци, изјави германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер.
Иако треба да биде исклучок во рамките на Европската Унија, тие правила очигледно веќе не важат, оценува германското радио и укажува дека дополнителните контроли би можеле да доведат до тешкотии во движењето на луѓе и стоки, со оглед на тоа што Германија е во центарот на шенген-зоната.
Контролите на внатрешните граници се предвидуваат само под одредени услови, но самите земји членки одлучуваат дали се исполнети овие услови, а за воведување гранични контроли, единствено се должни да ја информираат Европската комисија во Брисел.
Свет
Нивото на Дунав расте, Будимпешта се подготвува за поплави – објавена мапа од движењето на циклонот
Циклонот Борис стигна до централна и источна Европа носејќи поплави, снег и силни ветрови.
Додека Унгарија се наоѓа на силен удар на циклонот Борис, Будимпешта се подготвува за зголемување на нивото на Дунав и за најголемите поплави во последната деценија.
View this post on Instagram
„Хунгаромет“ на својата страница на „Инстаграм“ објави видео од циклонот. Како што пишуваат „тоа што недостигаше цело лето, циклонот го надополни за три дена, со претерување“.
Мапата за движење на циклонот покажува како се движи над Унгарија.
Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачони, најави дека поради претстојниот најголем бран поплави во деценијата, нивото на подготвеност за заштита од поплави е подигнато на три. Еве ги најважните мерки:
Долните брегови на Будим и Пешта се затворени од 20 часот.
Паркираните автомобили мора да се отстранат до пладне или ќе се влечат.
Во вторник наутро се очекува Дунав да го премине нивото на долниот брег.
Подготвени се милион вреќи со песок.
Од вторник во заштитеното подрачје ќе може да влезат само возилата што учествуваат во одбраната, а сообраќајот на пешаците ќе им биде ограничен.
Трамвајскиот сообраќај по должината на крајбрежјето ќе биде ограничен.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан најави дека ги откажува сите меѓународни активности.