Свет
Индиец признал дека убил 50 луѓе, неговата банда телата ги фрлала во канал со крокодили
Индиската полиција уапси сериски убиец во бегство, кој признал дека е вмешан во убиството на повеќе од 50 таксисти, чии тела неговата банда ги фрлила во канал полн со крокодили.
Полицијата го фатила откако тој избегал во друга сојузна држава додека бил на условно.
Девендер Шарма беше осуден меѓу 2002 и 2004 година за убиство на седуммина таксисти, при што доби доживотен затвор во Џајпур. Откако поминал 16 години во затвор, 62-годишникот добил дозвола за привремен престој надвор од затворот во јануари. Шарма ја искористил таа можност и избегал во друга индиска држава.
Полицијата го уапси повторно во средата, околу шест месеци по неговото бегство. Го пронашле во Делхи, каде што живеел со вдовица за која се оженил додека бил на условно.
Шарма во полицијата признал дека ја прекршил условната казна и дека немал намера да се врати во затвор, пишува Си-ен-ен.
Инаку, тој дипломирал традиционална индиска медицина и 11 години водел клиника во болница во Раџастан. Откако во измама загубил многу пари, се вклучил во продажба на лажни плински боци.
По тоа, се вклучил во нелегална трговија со бубрези за трансплантација, за што бил уапсен во 2004 година. Според полицијата, тој признал дека учествувал во трговија со повеќе од 125 бубрези, при што секој пат заработувал меѓу 6.680 и 9.350 долари.
Шарма признал дека со својата банда извршил уште побизарни злосторства и дека во државата Утар Прадеш викал такси, а потоа ги убивал возачите на тајни места. По убиствата, телата ги фрлале во канал со крокодили, па полицијата не можела да ги пронајде остатоците од жртвите. Потоа ги продавале такси-возилата, цели или на делови, и заработувале околу 270 долари по автомобил.
Тој подоцна потврдил дека организирал убиства на повеќе од 50 таксисти, но е осуден за само неколку од нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.
Свет
(Видео) Експлозии и тревога за воздушен напад во Доха, Дубаи и Тел Авив
Експлозии и сирени за воздушен напад се слушаат во Доха, Дубаи и Тел Авив, известуваат екипите на CNN на терен во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Израел. Репортерите и продуцентите од нивните канцеларии пријавија вознемирувачки звуци и глетки.
BREAKING: Iranian missile strikes Tel Aviv. pic.twitter.com/HOb79eGI8D
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Репортерите во Дубаи пријавија дека слушнале „неколку гласни експлозии“.
Aftermath of the Iranian missile attack that hit Tel Aviv. pic.twitter.com/mzlqjbSDWO
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Во меѓувреме, персоналот на CNN во Доха виде ракети како го осветлуваат ноќното небо. Тие исто така споделија видео на кое јасно се гледаат далечните детонации.
Interceptors launched from U.S. and Qatari Patriot missile batteries defending Al Udeid Air Base as Iran fired another wave of ballistic missiles at Qatar. pic.twitter.com/O2VdaUWNj3
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Свет
Трамп: Голем дел од иранското раководство „исчезна“ во американските напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голем дел“ од иранското раководство „исчезна“ во американските напади и дека земјата е „многу оштетена“.
Во телефонско интервју за ABC News, Трамп рече: „Не знаеме сè, но знаеме дека многу од нив се исчезнати“. Тој додаде дека Соединетите Држави имаат „многу добра претстава“ за тоа кои ќе бидат новите лидери на Иран.
Во посебно интервју за NBC, кога беше прашан кој би можел да го наследи врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, Трамп одговори: „Не знам, но во еден момент ќе ме повикаат и ќе ме прашаат кого сакам“.
Сепак, тој веднаш појасни дека изјавата е саркастична. „Само сум малку саркастичен кога го кажувам тоа“, додаде тој.

