Свет
Индиец труел луѓе со цијанид за да ги ограби и да води луксузен живот
Индиската полиција соопшти дека го уапсила 38-годишниот Веланки Симхадри под сомнение дека убил десет луѓе во индиската држава Андра Прадеш ставајќи им цијанид во храната или лековите по што крадел пари, злато или сребро од жртвите.
„Тој на некои од жртвите им давал јадење во кое ставал цијанид, а други убедувал дека цијанидот е традиционален лек“, соопштија полициски извори.
Симхадри е уапсен, но против него не е поведено обвинение, ниту е одреден датумот за судење.
Во согласност со индискиот закон за убиство предвидена е смртна или доживотна затворска казна.
Според полицијата, осомничениот признал дека убил десет лица и ги ограбувал за да води луксузен живот. Со парите од жртвите Симхадри купил една и изградил уште една куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

