Свет
Индија одобри две вакцини против коронавирус

Индија официјално одобри итна употреба на две вакцини против коронавирус.
Регулаторното тело за лекови даде зелено светло за вакцините развиени од „АстраЗенека“ со универзитетот Оксфорд и на локалната компанија „Барат Биотек“.
Премиерот, Нарендра Моди, вели дека ова е одлучувачки момент и пресвртница во борбата против коронавирусот.
Индија годинава планира да вакцинира 300 милиони луѓе.
Втората по бројност земја во светот има повеќе од 10,3 милиони заразени и скоро 150.000 починати, веднаш зад САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби.
Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопшти полицијата.
Тој е осомничен дека, заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.
Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.
Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.
Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.
Европа
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Исланд почна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние што се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.
Речиси 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс прес“.
Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите иако исландскиот сертификат во моментот важи само за патувања во таа островска држава.
Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе почнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот што би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).
Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген-зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за т.н. ковид-пасоши, што ќе го олеснат патувањето, во моментот е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.
Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на својот туристички сектор, но од друга страна, Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.
Европа
Русија следниот месец ќе почне со производство на втората вакцина против Ковид-19

Русија во февруари ќе почне со масовно производство на својата втора вакцина против Ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата почна масовна кампања за вакцинација.
„Следниот месец ќе почнеме со масовно производство на вакцината ‘епивакорона’“, рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милион евра за оваа намена.
По „спутник В“, ова ќе биде втора руска вакцина против Ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе во светот.
Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. За време на Советскиот Сојуз оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.
Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација бидејќи Русија првпат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.
Официјалните податоци, кои се ажурираат секојдневно, покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени од коронавирус, од кои 70.482 починале.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот